Вучиќ и Курти на 27 февруари повторно ќе седнат на заедничка маса во Брисел

February 17, 2023
1 min read

Предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува заедничката средба

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово ќе се сретнат во Брисел на 27 февруари, соопшти денеска Европската Унија.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на која ќе стане збор за предлогот на Унијата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти на средбата што се одржа на 21 ноември, минатата година/Фото: Архива

Вучиќ и Курти, како што се наведува во соопштението, го потврдиле своето учество на средбата.

Предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува заедничката средба.

„Во понеделник, 27 февруари, високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел ќе свика состанок на високо ниво на дијалогот Белград-Приштина во Брисел. Своето учество го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Високиот претставник, поддржан од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заедничка средба. На средбата ќе стане збор за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“,

се наведува во соопштението на ЕУ.

Ова ќе биде прва средба на лидерите на Косово и Србија годинава по тензиите кои доминираат во односите од летото минатата година, а се одразија и на настаните на терен.

Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа на 21 ноември минатата година. Средбата беше неуспешна, а Борел одговорноста за пропаѓањето на преговорите ја префрли на премиерот на Косово.

Белград и Приштина водат дијалог за нормализација на односите од 2011 година со посредство на Европската Унија, но и двете страни имаат поинаков став во врска со конечниот договор. Додека Приштина инсистира на меѓусебно признавање, Белград бара компромисно решение.

За Белград формирањето на Заедницата на српски општини е клучна точка за продолжување на дијалогот.

Косово и Србија го прифатија предлогот на Европската Унија, кој во јавноста е познат како француско-германски план за нормализација на односите.

Планот, според она што е познато во јавноста, предвидува почитување на територијалниот интегритет, еднакви права, признавање на државните симболи и посебен третман на српската заедница на Косово.

Во документот не се споменува експлицитно меѓусебното признавање на Косово и Србија, како и членството на Косово во Обединетите нации, но од Србија се бара да не се меша во членството на Косово во меѓународните организации.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поставени нови патоказни сообраќајни табли на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“

Следно

ТРАГЕДИЈА: Седумчлено семејство се спаси од земјотресот, настрада во пожар во Турција

Latest from Blog

Кинеска крајбрежна стража со водени топови пука во филипински бродови (ВИДЕО)

Филипинската крајбрежна стража ја обвини кинеската крајбрежна стража дека пукале со водени топови врз филипинските владини бродови во близина на спорниот Скарборо Шол, втор ден по ред, што е трет судир меѓу

Во Гостивар сега има опасност од жолтица, предупредува Комисијата за заразни болести

Откако во Гостивар беше прогласена епидемија на цревни инфекции поради загадената вода од градскиот водовод, можна е појава и на жолтица како последица, предупредуваат од Комисијата за заразни болести. Од Комисијата велат

Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража

„НЕ СМЕ ВИ КАСИЧКА – ПРАСИЧКА, ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ЦЕНА“

Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите
Go toTop