Три лица повредени во сообраќајка кај обиколница

February 17, 2023
1 min read

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера кај скопска обиколница. 

На 16.02.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува обиколница на град Скопје со крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ со ул.„Старцински Пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Булачани, скопско и патничко моторно возило „југо корал“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(73) од с.Булачани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „југо“, Л.Т.(73) од с.Булачани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Се огласи фотографот кој беше турнат од Серхио Рамос: Изненадување…

Следно

Штрајкот на персоналот на германските аеродроми погодува стотици илјади патници

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop