Депонија во Шуто Оризари ги скара Курто Дудуш и Данела Арсовска

November 27, 2024
1 min read

Кој и како успева преку ѓубрето да профитира на сметка на граѓаните преку сликата за почиста животна средина? Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека во општината Шуто Оризари, комуналното претпријатие  кое што го раководи градоначалникот Курто Дудуш, собира од граѓаните смет и ги носи на приватна депонија која што си ја креирал за таа намена за да наплаќа средства, и тоа на негов личен приватен имот. Според Арсовска, таквата постапка на Дудуш е кривично дело и посочи дека со тоа треба да с епозанимава Јавното обвинителство.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и возврати на Арсовска велејќи дека време е да си замине за градот да може да дише. Дудуш, денеска на терен ни посочи неколку локации кои беа опколени со смет за кој вели дека Арсовска е должна да биде исчистено. Дудуш вели дека кога веќе Арсовска не си ја работи работата тој одлучил ѓубрето распослано низ општината да го собира и да го дислоцира на свое приватно земјиште. Дали и колку наплаќа.

И двајцата градоначалници, Арсовска и Дудуш оставаат на институциите да го расчистат случајот. Судирот помеѓу Арсовска и Дудуш кулминираше откако Дудуш излезе на протести пред Град Скопје во знак на револт и незадоволство поради тоа што граѓаните на Шуто Оризари долго време останале без јавен градски превоз. Арсовска на тоа возврати дека Дудуш прави дефокус бидејќи е фатен во криминал, тој пак возврати дека Арсовска ќе заработи кривични пријави за лажните етикетирања дека е криминалец, но и дека ги оставила граѓаните без градски превоз.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ѝ понуди на Украина размена на 630 воени заробеници

Следно

Укинат притворот на Горан Весиќ

Latest from Blog

Коњановски: „Олимп“ испиша историја со двојна титула и национален рекорд

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати искрени честитки до атлетскиот клуб „Олимп“ по нивниот извонреден настап на Државното првенство и Купот на Македонија на 10.000 метри, одржани во Национална арена „Тодор

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Инцидентот се случил околу 1 часот наутро откако возило се обидело да избегне полициска проверка североисточно од Сарбрикен, град на француската граница, на околу 150 километри од Франкфурт. 22-годишникот го управувал возилото

Мицкоски за финансиите: Нема зголемување на буџетскиот дефицит, за две години од држава што коленичеше станавме фактор на стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај мерките кои се преземаат за ублажување на последиците од кризата и се во полза на граѓаните, но, можат да го намалат приливот во Буџетот, Владата
Go toTop