61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

November 26, 2024
1 min read

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат од Клиниката, дома заминале во неизмерна среќа и радост. Бебето е тешко 2.350 грама и долго 48 сантиметри. Зачнато е ин витро, од јајце-клетка што мајката ја замрзнала пред повеќе од 30 години. Таткото е 65-годишен сопруг и немал проблем со семениот материјал. По 37 години поминати во брак и многу неуспешни обиди, тие не се откажале од желбата за потомство.

„Ова е првата пациентка во нашата држава што останала бремена со сопствена јајце-клетка, бременоста била следена во нашата држава и пациентката се породила во нашата држава. Пациентката беше породена во 36. гестациска недела, со царски рез и со уреден оперативен тек. Мајката и бебето се во одлична општа состојба. Мајката херој, како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато, со 10 ин витро интервенции и со 10 спонтани абортуси. Во изминатите години, пациентката имала и други три гинеколошки операции. Во текот на оваа бременост, имала покачен крвен притисок и дијабетес, но бременоста била уредна и контролирана“ рече директорката на ГАК, Ирена Алексиовска- Папестиев.

Највозрасната мајка во земјава за прв пат уште пред триесетина година замрзнала јајце-клетки, затоа што се соочувала со повеќе гинеколошки проблеми. Според директорката на ГАК, во одредени држави постои законски одредена возрасна граница до кога може да се употребуваат овие асистирани репродуктивни техники, меѓутоа во нашата држава и во некои други не постои таква граница и затоа кај жената била направена ин витро фертилизација со сопствената јајце клетка што ја замрзнала уште кога почнала да го третира својот проблем со неплодноста. Со пациентката разговарал и психолог во болницата и таа била пресреќа и расположена, сите гинеколози разговарале со неа и утврдиле дека нема да има никаков проблем по раѓањето, објаснува Алексиовска- Папестиев.

Нашата највозрасна мајка е на второ место во регионот, прва е Љубица од Србија, која родила на 62-годишна возраст, но со донирана јајце- клетка. Во светот, најстара родилка е жена од Индија, која станал мајка на 76 години.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Следно

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Latest from Blog

Чаби Алонсо: Не сме во криза

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е премногу загрижен, и покрај двата последователни порази на неговиот тим. „Кралевите“ прво загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите, а потоа забележаа реми 0-0

Судир на два воза во Словачка – има повредени

Два воза се судрија во неделата навечер во Словачка, откако едниот удрил во задниот дел на другиот, при што беа повредени десетици патници, соопштија властите. Единаесет лица се пренесени во болница, а

Најлошите навики на секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот. Oва се најлошите навики на секој знак: Овен – Нестрпливост Импулсивни се и брзо
Go toTop