ПОСТАВКА СО РЕТКО ИЗЛОЖУВАНИ ДЕЛА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МСУ ЗАЕДНО СО ДЕЛА ОД СОВРЕМЕНИ УМЕТНИЦИ СЕ ОТВОРА НА 28 НОЕМВРИ

November 26, 2024
1 min read

Изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ ќе се отвори на 28 ноември во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Куратори на поставката се Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља.

Изложбата претставува репрезентативен избор на дела од колекцијата на МСУ, некои од нив ретко или воопшто изложувани, дела на уметници со потекло од она што се подразбирало како периферии на светот, како и дела на современи уметници, во обид за лоцирање на поинакви приказни и наративи.  Современи уметници, чии дела ќе бидат изложени се: Ала Јунис (Кувајт/Јордан), Инас Халаби (Палестина/Холандија), Сиовија Кјамби (Кенија/Германија), Карла Закагини (Бразил/Шведска) и Ивана Сиџимовска (Македонија/Германија)

Изложбата ја градат дела од збирката на МСУ кои потекнуваат од Аргентина, Бангладеш, Боливија, Бразил, Венецуела, Египет, Ирак, Иран, Јужна Африка, Казахстан, Куба, Кувајт, Мароко, Мексико, Узбекистан, Уругвај, Чиле, но и од други земји каде што живеле уметници од овие земји.

Овие дела, од една страна се ставени во релација со дела од земјите од поранешна Југославија (Македонија, Косово, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора) како наследници на политиката и движењето на неврзаните и нејзиното наследство, посебно активна на културен план, и од друга страна со дела од современи уметници, кои на критички начин ги преиспитуваат локалните и глобални хегемонии. Некои од уметниците кои се дел од оваа изложба, а се дел од колекцијата на МСУ – Скопје се светски познатите Мариа Бономи, Роберто Мата, Аида Карбаљо, Феликс Белтран, но и Ремо Бианседи, Роберто Варкарсел, Самсон Флексор, Фајга Островер, Анезиа Пашеко е Шавес, Герти Сахуе, Питер Кларк, Макс Арукипа Чамби, Мариа Аусилијадора Силва и други.

„Избраните дела на поканетите современи уметнички (Јунис, Халаби, Кјамби, Закагини и Сиџимовска) во оваа изложба не се доживуваат како изолирани дела, туку нудат можност за постојани дијалози меѓу нив и со изложените дела од колекцијата на МСУ-Скопје. Несомнено, вака поставената колекција на МСУ, може да се користи за преиспитување на постоечките изложувања, како и знаењето (епистемологијата) за збирката, кое воедно ќе биде и своевидно отповикување на моќта (политиката) која ја претставувала“, велат од МСУ.

Графичкиот дизајн и уметничката интервенција се на Илиана Петрушевска, изложбениот дизајн е на архитектите Јован Ивановски и Ана Ивановска. Конзерватори вклучени во изложбата се Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска, а соработник на концепт е Тихомир Топузовски.

Изложбата ќе биде отворена до 30 март 2025 и е дел од одбележувањето на 60 години од основањето на Музејот на современа уметност.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Следно

„Имало кој по нашински да пишува вистинска поезија, поезија модерна“

Latest from Blog

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за

Меџити на конференција „Жената и семејството“: Жените се двигател на демократијата

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Поддршка за инвестиции од дијаспората: Меџити се сретна со претставници на МК25

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со претставници на МК25, на која разговараше за економскиот развој, инвестициите и зајакнувањето на врските со дијаспората. На средбата присуствуваа Мајк Зафировски, Никица

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид најтргувани; МБИ10 порасна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 14.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.847,83 поени, со дневен раст од 0,10%, односно 9,50 поени,
Go toTop