Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

November 24, 2024
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска е во Лондон, во рамки на серијата средби со албанската дијаспора. Тој како и на претходните средби ја побара поддршката за парламентарните избори следната пролет, за четврт мандат, за да „Албанија до 2030 година биде рамноправна членка на ЕУ“.

– Нашето национално знаме ќе биде подигнато како рамноправно меѓу еднаквите како симбол на нашето обединување во ЕУ. Денес вие не сте само сонародници со право на глас, вие сте гласачи кои можат да учествуваат на изборите со остварување на избирачкото право од таму каде што сте. Отворено ви порачувам вам и на сите Албанци насекаде, дека следната пролет сакам вашиот глас од овој полуостров да ве направи уште погорди во очите на светот и да ја направи Албанија уште подобра, за сите деца, дури и за оние Албанци кои денес беа заслепени и за жал погрешно информирани, порача меѓу другото Рама.

Тој доаде дека го бара гласот на дијаспората, која првпат гласа на овие избори, за да заедно „ја направиме Албанија да биде подобра дури и за децата на саботерите, кои денеска беа во салата и на оние надвор од неа“.

Рама, придружуван од сопругата Линда и повеќе министри, пред салата каде што се одржува средбата биле пречекани со протест од помала група, предводена од претседателот на прекуграничниот огранок на опозициската Демократска партија.

Инцидент се случил и на почетокот од говорот кога неколку граѓани, како и оние надвор од салата, извикувале „Рама оди си“ и носеле транспаренти на кои пишуваше: „До кога…“. Интервенирало обезбедувањето и тие биле извадени надвор од салата.

– На оваа стара поделба и се ближи крајот. Главен виновник, кој поттикнува вакви антиалбански дејствија на странска почва е Демократската партија. Но, ние сме побројни, овде сме над три илјади, а тие надвор само триесеттина, заслепени од оние кои и самите гледате во што го претворија Парламентот, упатуваат пцости, неосновани навреди и обвинувања и проповедаат уништување. Затоа ајде заедно да им го дадеме заслужениот одговор следната пролет, нагласил Рама.

Во Велика Британија, според албанските медиуми, живеат над 200.000 лица со албанско потекло, од Албанија, од Косово и од Северна Македонија, но најголем процент се од Албанија, главно од северниот дел на земјата.

Од друга страна опозицијата го обвинува Рама за злоупотреба на парите на народот, кои ги троши во милионски износи за овие средби, а се само за свој интерес и „неговата нарковлада“.

За опозицијата средбите се „апсурден театар“ а Рама е главната причина за заминувањето на речиси еден милион албански граѓани од земјата откако тој дојде на власт во 2013 година.

Првата средба со дијаспората Рама ја одржа во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец беше во Милано, во Њујорк, на 26 минатиот месец, додека на 3 месецов во Солун.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Филипче од 30. Конгрес на СДСМ: Следи пресвртница за партијата

Следно

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот нешто повеќе да смени

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни
Go toTop