Украина тврди дека синоќа соборила 50 руски дронови

November 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина денес соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 50 руски дронови лансирани над земјата во синоќешните напади, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Украинските воздухопловни сили се тврди дека во текот на ноќта биле лансирани вкупно 73 дронови од руските региони Ориол и Брјанск.

Се додава дека дроновите биле пресретнати над украинскиот главен град Киев, како и над регионите Черкаси, Кировохрад, Чернихив, Суми, Полтава и Житомир.

Во соопштението се наведува дека изгубена е трагата на 19 дронови, додека други четири биле во воздух.

Началникот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, на Телеграм истакна дека тревогата за воздушни напади во главниот град синоќа траела повеќе од три часа.

Попко истакна дека повеќе од десет дронови кои му се заканувале на Киев биле соборени над главниот град, додавајќи дека засега нема информации за штети или жртви.

Локалните власти во регионите Черкаси, Кироворад, Чернихив, Суми, Полтава и Житомир не пријавија жртви или причинети штети.

Руските власти сѐ уште не ги коментирале овие тврдења.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: По 61 година ООУ „Наум Охридски“ доби училишна сала- решен проблемот на околу 200 деца

Следно

Турската метропола Анкара прекриена со снежна покривка

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop