Израел соопшти дека е пронајдено телото на исчезнатиот рабин во ОАЕ

November 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелските власти денес соопштија дека е пронајдено телото на исчезнатиот рабин во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), јавува Анадолу.

Рабинот Зви Коган, со израелско-молдавско државјанство, се водеше за исчезнат во ОАЕ од четвртокот, а преку заедничко соопштение од Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Министерството за надворешни работи е потврдено дека неговото тело е пронајдено.

Во соопштението неговото убиство се нарекува „одвратен антисемитски терористички чин“ и се вети дека ќе се „дејствува со сите средства“ за да се изведат сторителите пред лицето на правдата.

Не се наведени никакви детали за локацијата каде што е пронајдено телото.

Сѐ уште нема коментар од властите на ОАЕ за израелското соопштение.

Коган бил дел од движењето Чабад во Абу Даби откако Израел ги нормализираше односите со ОАЕ кон крајот на 2020 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утрово најниска температура измерена во Берово, а највисока во Гевгелија

Следно

Микаела Шифрин на чекор до 100-тата победа во Светскиот Куп

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop