Спектаклот на „Камп Ноу“ без победник, Барса и Јунајтед одиграа реми

February 17, 2023
1 min read

Фудбалерите на Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа нерешени 2-2 (0-00, во првиот натпревар од шеснаестинафиналето во Лига Европа. Средбата на „Камп Ноу“ беше вистински спектакл, особено во второто полувреме, со шанси на двете страни, четири гола и многу возбудувања.

Од стартот се тргна мирно, во испитување на силите и на првите шанси се чекаше речиси половина час. Најдобрата за „ѓаволите“ ја имаше Вут Вегхорст, кој имаше зицер, кој го одбрани Тер Штеген. До крајот на полувремето на двете страни се закануваа Рашфорд и Жорди Алба, но резултатот остана почетниот.

Веднаш на стартот на продолжението домашните дојдоа до предност. Само пет минути се играше пред Маркос Алонсо да погоди за 1-0. Гостите го подзаборавија бекот на втората статива по корнер, а овој со глава стрела за предност. Сепак, радоста траеше навистина кратко. Само две ипол минути подоцна Маркус Рашфорд донесе израмнување (1-1). Напаѓачот доби топка низ одбраната од Фред, па со убав удар го матира Тер Штеген за егал. Само шест минути подоцна Јунајтед дојде и до пресврт, а одново во центарот на вниманието беше Рашфорд. Англичанецот по еден корнер го смени патот на топката, која неколку пати се одби и од Кунде заврши во мрежата за 1-2.

Барселона презеде иницијатива, се наметна и целосно го притисна противникот. Иако имаше контрола врз играта, погодокот за израмнување беше во најмала рака комичен. Рафиња нафрли полувисока топка кон Левандовски, кој ја промаши, меѓутоа го измами Варан и таа меѓу неговите нозе го измами и Де Хеа за 2-2 во 76. минута. Во финишот Барса имаше целосна иницијатива, шпанскиот голман беше на маки, меѓутоа успеа да го спаси својот гол.

Реваншот на „Олд Трафорд“ се игра за седум дена.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Промените на дело“: Мицкоски денеска во општина Гевгелија

Следно

Земјотресите во Кахраманмараш ја оштетија и Црквата „Св. Богородица“ во Вакифли

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop