Ердоган: Спроведувањето на налозите на МКС за апсење, клучни за враќање на довербата во меѓународниот систем

November 23, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес ги поздрави издадените налози на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер и поранешниот министер за одбрана, нагласувајќи дека спроведувањето на одлуката ќе биде клучно за враќање на довербата во меѓународниот систем, јавува Анадолу.

„Сметаме дека спроведувањето на оваа храбра одлука од сите страни во договорот (на МКС) е важна за враќање на довербата на човештвото во меѓународниот систем“, рече Ердоган во обраќањето на четвртиот Меѓународен саем на невладини организации во турската метропола Истанбул.

Поздравувајќи ги налозите за апсење, издадени во четвртокот од МКС за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради постапките на Израел во Газа, Ердоган рече дека земјите што го поддржуваат Тел Авив ги поддржуваат злосторствата, и покрај тоа што честопати држат предавања на другите за демократијата и човековите права.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Што се однесува до меѓународните организации и медиуми, Ердоган рече дека тие „замижуваат пред злосторствата против човештвото“ во Палестина, Либан и на други места.

„Крвта на шехидите и повредените во Палестина не е само на (рацете) на нивните убијци, туку и на оние кои не успеваат да ги спречат“, додаде тој.

Турскиот претседател истакна дека привилегираните актери на меѓународниот систем вовлекуваат разни региони, особено исламското географско подрачје, во вител на нестабилност заради сопствени интереси.

Тој порача дека Туркије ќе продолжи со напорите да го стави Ал Кудс (Ерусалим) под меѓународниот безбедносен чадор во согласност со неговиот свет статус.

„Како исламски свет, мораме да ги оставиме настрана нашите разлики во мислењата и да заземеме заеднички став, и да дејствуваме како едно“, рече Ердоган.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година: Во израелските напади досега убиени се над 44.000 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се над 104.000.

Израел, исто така, започна воздушни напади врз Либан кон крајот на септември против, како што тврди, позиции на Хезболах.

Според либанските здравствени власти, во израелските напади врз Либан од октомври минатата година убиени се над 3.600 луѓе, над 15.300 се повредени, додека над 1 милион се раселени.

Тел Авив го прошири конфликтот со започнување копнен упад во јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подводен свет во срцето на Бангкок: Најголемиот аквариум во Југоисточна Азија ги освојува посетителите

Следно

Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë
Go toTop