Турското беспилотно летало Бајрактар ТБ3 успешно изврши полетување и слетување на воен брод

November 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот Бајрактар ТБ3 стана првото беспилотно летало кое успешно полета и слета на брод, известува Анадолу.

Министерството за одбрана на Туркије објави дека оствариле уште еден сон.

„Ова е моментот што го чекавме со голема возбуда и сонот се оствари. Нашиот Бајрактар ТБ3, нашата национална гордост, успешно го изведе првото полетување и првото слетување на воениот брод ТЏГ Анадолу. Им честитаме на сите кои го дадоа својот придонес да се случи ова и се радуваме на уште поубави денови кога дополнително ќе се зголеми нашата национална моќ“, се наведува во соопштението.

Бајрактар ТБ3, исто така, влезе во светската авијациска историја како првото беспилотно летало што слета и полета од брод со кратка писта.

Ова беспилотно летало на 19 ноември успешно полета од пистата на бродот ТЏГ Анадолу и по 46-минутен лет над местото каде што се спојуваат Егејското и Средоземното Море, се врати и слета на истата писта без да користи опрема за поддршка при слетување.

„Овој пробен лет ја отвори вратата за нова ера во историјата на авијацијата и морепловството“, се вели во соопштението.

ТЏГ Анадолу е најголемиот турски воен брод што официјално ѝ беше испорачан на турската морнарица во април 2023 година.

Воениот брод ТЏГ Анадолу е долг 231 метар и широк 32 метри и може да превезе товар од околу 27.000 тони.

Бајрактар ТБ3 го изведе својот прв лет на 27 октомври 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот претседател се врати во Туркије по учеството на Самитот на Г-20 во Бразил

Следно

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија

Latest from Blog

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза
Go toTop