СДСМ: Мицкоски го понижи трудот на здравствените работници

November 19, 2024
1 min read

„Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници! Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите“, соопшти СДСМ.

„Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%. по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ.

Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Минатата година во октомври се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не Мицкоски да прави лоша математика.

Здравствените работници заслужуваат почит и плати за достоинствен живот.

Дали целта на Мицкоски му е да ги избрка да работат по странство или по приватните клиники?

Реално а не лажно зголемување е прашање за грижата за здравјето на нашите граѓаните и на целото наше општество но Мицкоски тоа нема капацитет ниту да го разбере ниту пак знаење нешто да преземе.“ – се вели во соопштението.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за РТК: Во Македонија нема никој против албанскиот јазик

Следно

Мицкоски: Се прават маченици за кога ќе им тропне полицијата да речат дека се апсат поради јазикот, а украле десетици милиони евра

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop