Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

November 19, 2024
1 min read

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски синоќа во емисијата Топ Тема на ТВ Телма. 

Николоски посочи дека проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.

 – Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај, рече Николоски.

Појасни дека компанијата која го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која не ја заврши штипската болница и со која што сега Македонија е на арбитража.

– Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот, кажа Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцира дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

– Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, истакна министерот Николоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Спектакуларен пејзаж на водопадот Акташ за време на есенската сезона

Следно

САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop