Албанците се мост меѓу Македонија и Косово, велат пораките кои Курти и Мицкоски ги пренесоа еден на друг

November 18, 2024
1 min read

Албанците се мостот што ги држи Северна Македонија и Косово тесно поврзани, беше заклучокот на двајцата премиери Христијан Мицкоски и Албин Курти, во разговорите што ги одржаа еден пред друг во присуство на двете делегации на меѓувладината седница.

Кога зборуваше за Албанците од Македонија, Курти зборуваше подолго. Тој не спомна конкретни прашања за кои има голем политички судир, како што е прашањето за укинувањето на етничката припадност за вработување или одлуката на Уставниот суд за Законот на јазиците за која има остри критики од опозицијата, но зборувајќи општо рече дека почитувањето на правата на граѓаните без разлика на етничката припадност е должност на двете држави.

-Албанците од Северна Македонија треба да ги гледаме како додадена вредност, како неуништливи мостови на најблиската и најмоќната соработка меѓу нашите две републики. Почитувањето на правата на граѓаните без разлика на националноста, засновано на најдобрите европски стандарди, е должност и на Косово и на Северна Македонија, но и наша заложба и посветеност како две демократски земји кои се стремат кон членство во ЕУ, изјави премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Мицкоски, во својот говор не даде таков „совет“, но истакна дека семејните врски на Албанците се мост што уште повеќе ќе ги поврзе двете земји.

-Односите меѓу нашите две држави, врските кои не се само државни, туку и семејни меѓу народите од двете страни на границата, мислам дека се додадена вредност и мост што ќе не зближи уште повеќе во наредните години, изјави премиерот на Христијан Мицкоски.

Беше нагласен и заедничкиот стремеж на двете земји за членство во ЕУ и придонесот за мирот преку НАТО. Овде Курти му порача на Мицкоски дека мора да остане буден за опасностите кои доаѓаат одоколу, бидејќи како што рече, во регионот има актери кои им служат на злонамерните сили, кои имаат за цел да го запрат напредокот и да го повлечат регионот назад со тоа што не дозволуваат демократијата, човековите права и владеењето на правото да бидат нашите основни вредности какви што сакаме да бидат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити од Косово: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

Следно

Чибишев: Загадувањето на воздухот, рак рана, Владата стартува со активности да се справи со оваа појава

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop