Попов: Во новиот предлог буџет за 2025 година ставките за млади и студентите значително се зголемени

November 17, 2024
1 min read

Денес на покана на УМС на ВМРО-ДПМНЕ овде во Ѓорче Петров имаме средба со студенти. Денес го одбележуваме интернационалниот ден на студентите и јас како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија ми е многу драго што ова е прв интернационален ден на студентите за кои нема да зборуваме само за порази, туку ќе зборуваме и за одредени победи кои ги имаме направено како држава во однос на самите студенти, вели Сергеј Попов.

-Имено, имаме нов буџет на Република Македонија кој е во собраниска процедура. Таму нема ставка за млади, особено за студенти којашто не е зголемена и за тоа сакам да се заблагодарам на министерката за образование и наука Весна Јаневска која навистина стана партнер на младите луѓе, а особено на студентите им даде рака. Денес на оваа работилница ќе имаме прилика од самите студенти да слушнеме идеи, предлози, заедно да размениме мислења се со цел во периодот што следи да креираме што е можно подобри и поефикасни младински политики, вели тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре меѓувладина седница помеѓу косовската и македонската влада

Следно

Русија започна жестоки воздушни напади низ Украина

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ стои зад студентските протести

Коалицијата ВЛЕН обвини дека дел од студентските протести се злоупотребуваат за политички цели на ДУИ и дека зад нив стојат функционери и структури блиски до партијата. Од ВЛЕН соопштија дека, според нив,

Средба на министерката Сања Божиновска со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гулфојл: Повеќе инвестиции во енергетиката

Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на

Меџити: Ветувањето го исполнивме – коцкањето повеќе нема да биде над законите

Изет Меџити преку видео-обраќање на социјалните мрежи го поздрави донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, оценувајќи дека со него започнува, како што рече, „правната борба против коцката и комарот“. Копретседателот
Go toTop