Српската полиција објави видео од апсење демонстранти кои повикувале на рушење на Вучиќ и на Владата

February 16, 2023
1 min read

Три лица се уапсени, а српските власти ги сомничат дека повикувале граѓаните да се соберат и да ги срушат претседателот Вучиќ и Владата на Србија

Српското Министерство за внатрешни работи (МВР) потврди дека уапсило вкупно три лица поврзани со синоќешните протести на десничарите против француско-германскиот предлог за решавање на прашањето со Косово.

Полицијата објави и видео од приведувањето на две лица кои се меѓу организаторите и говорниците на протестот, како и едно лице кое беше уапсено со карабин.

Од видеото се гледа како полицајците ги соборуваат на земја, ги претресуваат и приведуваат.

Тројцата се товарат дека ги повикувале граѓаните да се соберат во што поголем број во Белград и насилно да ги срушат претседателот Александар Вучиќ и српската влада.

Синоќешниот протест на српските десничари започна со собир кај споменикот на рускиот цар Николај во Белград, потоа продолжи пред зградата на Претседателството на Србија, а заврши пред полициска станица каде што демонстрантите тврдеа дека се наоѓаат приведени граѓани. Беа забележани и неколку инциденти како рушење на оградата пред Претседателството и обид за насилен влез во полициската станица.

Демонстрантите бараа Вучиќ или да си поднесе оставка или да ја промени политиката кон Косово, а со себе носеа и руски знамиња, како и транспаренти со проруски пораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Демонстранти ја срушија оградата пред Претседателството на Србија: „Каде е Вучиќ“, „Предавство“

Вучиќ за демонстрантите што му бараа оставка: Не знам дали се проруски, но со сигурност се антисрпски

(ФОТО) Српските десничари го завршија протестот: Пратеник се обиде насилно да влезе во полициска станица

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден по ред дојави за бомби во скопските училишта

Следно

ФЗОМ: Очекуваме следната недела да почне исплатата на платите за здравствените работници

Latest from Blog

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума- се очекува цунами (ВИДЕО)

Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 7,3 степени. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying

Лимани: Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата

Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација, напиша градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, откако голем број на граѓани
Go toTop