Градски советник: Израелските хулигани го предизвикаа насилството во Амстердам

November 9, 2024
1 min read

АМСТЕРДАМ (АА) – Градски советник потврди дека израелски хулигани го поттикнале насилството во Амстердам, јавува Анадолу.

Истакнувајќи дека холандската Влада и Општина Амстердам првично го етикетирале инцидентот како „антисемитски“, Јази Велдхујзен, висок градски советник, ја истакна потребата од темелна и објективна истрага.

„Во средата вечер, хулиганите на Макаби почнаа да напаѓаат куќи со палестински знамиња и пропалестински жители на Амстердами. Тогаш почна насилството“, истакна тој.

Во четвртокот, навивачите на Макаби скандираа песна со која се потсмеваа на убиените деца во Појасот Газа и ја охрабруваа израелската армија „да ги победи Арапите“, додаде Велдхујзен.

Тој нагласи дека меѓу хулиганите имало и поранешни израелски војници. „Тоа се обучени луѓе и потенцијални воени злосторници. Тие нападнаа пропалестински цивили во Атина во март. Не требаше да бидат пуштени во Амстердам“, рече тој.

Според Велдхајзен, и покрај предвидливите ризици, недостигале доволно мерки. „Полицијата интервенираше само за да ги заштити хулиганите на Макаби кога жителите на Амстердам станаа да ги бранат своите домови“, рече тој.

Тензиите избија кога израелските навивачи се судрија со пропалестинските демонстранти пред и по натпреварот Ајакс-Макаби Тел Авив. На видеата на социјалните мрежи се гледа како поддржувачите на Макаби ги отстрануваат палестинските знамиња и напаѓаат таксисти Арапи.

На снимките надвор од стадионот се слушаат бурни скандирања на навивачите на Макаби, како: „Нема училишта во Газа бидејќи нема повеќе деца“.

Израелската Влада подоцна го оквалификува насилството како напади врз Израелци, и покрај првичните конфронтации во кои беа вклучени навивачите на Макаби.

По победата на Ајакс со резултат 5:0, холандската полиција уапси 62 лица, а тензиите продолжија.

Според здравствените власти во Газа, од почетокот на израелската војна во Газа, која започна на 7 октомври 2023, убиени се над 43.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 102.300 се повредени.

Уништувањето во Газа продолжува со блокада на основните нешта како храна, чиста вода и лекови. Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Секое второ дете има проблеми со говорот, тестирање во прилепските градинки

Следно

Турскиот брод „Абдулхамид Хан“ започна со дупчење во Амасра-4 во Црното Море

Latest from Blog

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден од најгласните активисти за правата на Ромите

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија еден од своите најавтентични ликови. На 64-годишна возраст, под долго боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на
Go toTop