Ердоган: Нема друга војна каде што жените и децата се директно гаѓани како во Газа

November 8, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Не постои друга војна каде што жените и децата биле директно цел на напади како во тековниот геноцид во Газа, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Во последните 13 месеци, повеќе од две третини од над 50.000 невини луѓе убиени во Газа се жени и деца“, рече Ердоган во обраќањето на Меѓународниот самит за жени и правда во турскиот град Истанбул.

„Жените на Палестина, хероини кои под бомбите ги штитат своите деца, семејства, домови и праведната борба, се џиновски споменици на гордоста за целиот муслимански свет“, истакна Ердоган.

Тој додаде дека Анкара ќе продолжи да стои покрај своите „браќа и сестри“ во Појасот Газа и Либан, кои се под израелски напади, додека масакрите не престанат и додека не се воспостави прекин на огнот и мир.

Турскиот претседател рече дека искрено верува дека Доналд Трамп, кој оваа недела доби втор мандат за Белата куќа по четиригодишна пауза, ќе ги преземе „неопходните чекори за ставање крај на војните“, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција

Следно

Од ГЕРБ со порака: Бојко Борисов треба да биде кандидат за премиер на Бугарија

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop