„ЗОКИ ПОКИ“ НА ОЛИВЕРА НИКОЛОВА ВЕЌЕ ОСВОЈУВА ЗЕМЈИ, ИНТЕРЕСНО ЌЕ БИДЕ ДА СЕ ВИДИ КАКО СВЕТОТ ЌЕ ГИ ОТКРИЕ НЕЈЗИНИТЕ РОМАНИ, РЕЧЕ ГРОЗДАНОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО ДПМ

November 8, 2024
2 mins read

Оливера Николова ни остави огромно дело кое полека го освојува светот и сведочи за нас како за култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија и Скандинавија и поголем дел од Европа. Но, интересно ќе биде да се следи патот по кој нејзините романи ќе бидат откривани и преведувани, рече на денешната комеморација за истакнатата македонска писателка, Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Николова почина на 4 ноември на 88 години.

„Во едно интервју, Николова вели: ‘Пишувањето го сфаќам како соучество со живеењето на луѓето, како солидарисурување со тој човечки век, како соработка, како содругарство. Сите мои романи за возрасни со своите пораки ги искажуваат моите ставови за горливите прашања на нашето општество’

Иако јас кратко ја познавав, увидов колку е својствено заедништвото за неа, онаа љубов кон ближниот. Во тој порив за содругарство произлегува и нејзината грижа за другите. А тоа значи грижа и за самата себе. Оливера го има дарот да се слее со духот на светот во совремието да проникне во неговата срж. Токму од таа слеаност произлегува специфичната ангажираност во нејзините дела. Ангажираност во најубава, најненаметлива смисла на зборот“, кажа Грозданоски.

Композиторката и професорка Јана Андреевска, ќерка на Оливера Николова и Цане Андреевски на денешната комеморација во Друштвото на писатели на Македонија. (Фото: К. Попов)

Академик Катица Ќулавкова во својата беседа кажа дека Николова ја чувствувала како грижлива мајка, пријател, колешка.

„Една од ретките пријатели, колеги кои кога ми било најтешко, во првиот момент кога слушнала нешто што било дискриминирачки или напад спрема мојата личност, ми се јавувала, како мајка, како загрижен пријател со најубави зборови и пораки.

Оливера имаша една душа и свест која беше хиперсензибилна и на човечките страдања и неправди, а од другата страна воопшто не беше заблудена по општествените прагматични и други признанија или титули, за што говори и тоа што ја одби поканата од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Поканата беше задоцнета, но таа со тоа покажа дека тоа ѝ е ирелевантно и остана на својот пат да напише што е можно повеќе и подобри книжевна дела“, рече Ќулавкова.

Николова дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

И покрај богатиот книжевен опус, Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност „Зоки Поки“.

Во март 2022 на промоцијата на повторно објавените книги за возрасни, пристуниоте за Николова рекоа дека е мајка на сите писателки, жива легенда, жив класик, а академик Катица Ќулавкова ја опиша како „македонски Вилијам Фокнер“ и пожали што МАНУ не инсистирала повеќе да ја прими во своето членство, и покрај нејзините одбивања.

Академик Катица Ќулавкова во својата беседа кажа дека Николова ја чувствувала како грижлива мајка, пријател, колешка. (Фото: К. Попов)

Николова е авторка на неколку телевизиски проекти: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ .

За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.Ш2Ќ

Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, беше номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“. Во декември 2013 година, го одбележа јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објави избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освои наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, како и „Роман на годината“ на Утрински весник.

Добитничка е на Орден за заслуги за Македонија во 2024 година.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори

Следно

„Ќе се градат згради со поевтини станови во Скопје, Битола и Штип со цел да се намали цената“, рече министерот Николоски

Latest from Blog

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

ИСТАНБУЛ (АА) – Дронот „Бајрактар ​​Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва упати честитка до новиот папа Лав XIV. „Топло му честитам на Неговата Светост Папата Лав XIV за неговото назначување за водач на Католичката црква и му посакувам

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил, го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата лав четиринаесетти.   – Изборот на неговата светост, папата Лав xiv, прв понтиф со потекло од
Go toTop