Сојузништво: Илон Маск и Доналд Трамп заеднички ги чекаа изборните резултати

November 6, 2024
1 min read

Уште пред да биде официјално прогласен за победник во претседателската трка, Доналд Трамп прославуваше за победата на неговиот имот Мар-а-лаго на Флорида.

Во резиденцијата на Доналд Трамп, пред официјалното соопштување на резултатите, на забавата на изборната ноќ присуствувале јавни личности, меѓу кои и мултимилијардерот Илон Маск, кој на мрежата Икс напиша „Гем, сет меч“ или фразата за победа во тениски меч. 

Под еуфориија следеа и  објави: „Америка е нација на градители. Наскоро ќе бидете слободни да градите. Иднината ќе биде фантастична“. Најбогатиот човек во светот, на социјалните мрежи повторно „го прошета мијалникот“, односно фото монтажа, на која држи мијалник во Белата куќа. Сликата беше потсетување на шегата која тој ја сподели кога ја купи социјалната мрежа „Твитер“, како влегува во седиштето на „Твитер“ со мијалник.

Маск го поддржуваше републиканскиот кандидат Доналд Трамп и беше активно вклучен во неговата кампања. Мултимилијадерот, донираше над 130 милиони долари за кампањата на Трамп. Маск изјави дека ќе остане активен во политиката и по изборите. Во разговор, емитуван во живо на платформата „Икс“, Маск нагласи дека неговиот про-Трампов Комитет, ќе продолжи со активности и по изборите и истиот ќе се подготвува за следните меѓуизбори и ќе се вклучува во локални трки, како и избори за државни обвинители низ целата земја.

Републиканецот претходно изјави дека сопственикот на „СпејсИкс“, Илон Маск, ќе зазеде важна позиција во новата администрација, а поврзано со реформирање на Владата и драстично кратење на федералните трошоци. 

Судот во Пенсилванија пак претходно ја прогласи за дозволена контроверзната лотарија од 1 милион долари дневно, на Илон Маск. Лотаријата била од симболично значење, дневната награда од милион долари на едно лице заврши со самиот крај на изборите. Претходно Маск најави дека до изборите ќе додели по еден милион долари дневно на регистриран гласач во  „свинг“ американските држави.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗСИ: Нема пропусти во случајот со бебето од Струмица

Следно

Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците „Даме Груев” во Моравичкиот округ во Србија

Latest from Blog

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со

Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви

Општина Карпош беше најпогодена општина од невремето во Скопје, со 250 оштетени автомобили, негде околу 85 или 90 оштетени кровни конструкции на згради, куќи и останати институции, за жал и училишта и

Трамп ги прекина нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „ослободи простор“ за преговори, изјави во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, откако Иран објави дека нема да нападне сè додека
Go toTop