Еден загинат и тројца повредени во пукање во трговски центар во Тексас

February 16, 2023
1 min read

Осомничениот за нападот е во притвор, а полицијата верува дека може да има уште еден осомничен кој сè уште не е фатен. Мотивот за нападот засега не е познат

Едно лице загина, а тројца се повредени по пукање во средата вечерта во трговски центар во Ел Пасо, Тексас.

Трговскиот центар каде што се случил нападот е во непосредна близина на продавницата Волмарт, каде што во 2019 година вооружен маж уби 23 луѓе

Си-ен-ен јави дека осомничениот за нападот е во притвор, а полицијата верува дека може да има уште еден осомничен кој сè уште не е фатен. Мотивот за нападот засега не е познат.

„Беше хаотично. Луѓето бегаа. Беа исплашени“,

изјави портпаролот на полицискиот оддел во Ел Пасо, Роберт Гомез.

Тројцата повредени мажи се хоспитализирани во болница. Двајца од нив се во критична состојба, а состојбата на третото лице е непозната.

Трговскиот центар „Сиело Виста“ каде што се случил нападот е во непосредна близина на продавницата Волмарт, каде што на 3 август 2019 година вооружен маж уби 23 луѓе, а речиси дваесетина беа повредени.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

За Задушница ЈСП со зголемен број на автобуси

Следно

Пукање во трговски центар во Тексас, убиено едно лице

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените
Go toTop