Денес истекува законски предвидениот рок за исплата на платата на здравствените работници и сите вработени во јавното здравство

February 15, 2023
1 min read

Денес истекува законски предвидениот рок за исплата на платата на здравствените работници и сите вработени во јавното здравство, ова преку статус на Фејсбук го пишуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе втора недела никаде во јавност не се појавија директорите на ФЗОМ да информираат што точно се случува и зошто не се преземени мерки за да биде спречено ова незаконско постапување на Фондот со кое здравствените работници останаа без финанскиски надомест иако тие беа хероите за време на пандемијата

Вака ли државата се грижи за своите осигуреници кои редовно со години наназад плаќаат придонеси за здравствено осигурување за сега да не можат да добијат надоместоци за породилно трудниците и сите ранливи категории кои користат боледување

Вака ли државата се грижи за своите херои

Дали воопшто ФЗОМ ги исцрпи сите законски механизми за да не дојде до оваа ситуација каде има незаконско дејствие- неиспла на плата или повторно администрацијата нема ниту знаење ниту волја да решава проблеми, а последицата е денешнава слика која ја гледаме сите

Зошто директорите не излезат јавно пред здравствените работници и целокупната јавност, туку се кријат позади наводни усни гаранции кои немаат никаква поврзаност со било каков законски основ

Додека директорот Фатон Ахмети е надвор од државата ФЗОМ крахира, а здравствените работници надвор од законската легислатива не се исплатени за својот деноноќен труд.

Што се случува со податоците на пациентите и здравствените работници, соработници и сите осигуреници или и за заштитеноста на овие лични податоци исто така има само усни гаранции и што е преземено за да спречи овој крах на ФЗОМ, има ли потврда од Агенцијата за заштита на лични податоци дека навистина податоците од здравствен и личен карактер се заштитени односно не е направена нивна злоупотреба или преземање

До каде се преговорите со Синдикатите и зошто иако беше најавено медицинскиот персонал од целата држава и јавноста останаа покуси за одговори зошто не го добија ветеното покачување од ноември минатата година

Доколку имаа знаење, беа кадарни и професионални и ако сакаа да решаваат проблеми, можеше да се реши и овој проблем што ни се случува денес, но незаинтересираноста и неспособноста е повторно причина за нерешавање проблеми

Со заминување на оваа неспособна власт, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе постави систем со кој ќе се гарантира дека здравствените работници навремено и во законски предвидениот рок ќе ги добиваат своите плати, а осигурениците навремено ќе ги добиваат надоместоците.

Посебен механизам за заштита и контрола на податоци веднаш ќе биде воспоставен со цел нивна заштита“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОВО ЧУДО ВО ТУРЦИЈА – по 228 часа поминати под урнатините спасена мајка херој и нејзините две деца (ВИДЕО)

Следно

НИТУ ЕДНА НЕГОВА ЗГРАДА НЕ Е СРУШЕНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ – овој инвеститор откри во што била тајната додека градел, бил казнуван стотици пати!

Latest from Blog

Мората се повреди, следува пауза од два месеци

фото: Como1907 (X) Шпанскиот напаѓач Алваро Мората претрпе сериозна повреда на мускулот поради која се очекува да отсуствува околу два месеци. Комо ја потврди веста денеска. Според официјалното соопштение од клубот, прегледите

Иран ја уапси добитничката на Нобелова награда Наргес Мохамади

Иранските власти ја уапсија добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во петокот, соопшти нејзината фондација, повикувајќи се на нејзиниот брат. Фондата со седиште во Париз соопшти дека Мохамади била „присилно

Почната истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро. Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, за МИА изјави дека посадата на

Стаменкоска Трајкоска, сопругата на премиерот Мицкоска и пратеничката Пешевска во посета на Клубот за деца со церебрална парализа

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, заедно со сопругата на премиерот, Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Во празнична атмосфера,
Go toTop