СВР Скопје: Расчистен е случајот со убиството во Арачиново

November 3, 2024
1 min read

Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во скопско Арачиново, каде со огнено оружје беше убиен С.А. (56) од село Арачиново, a Х.А. (20) од село Арачиново, се здобил со прострелни рани, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што е утврден идентитетот на сторителите и тоа Ш.Ш. (23) од с.Арачиново и Е.Ш. (31) од с.Арачиново, се вели од СВР – Скопје.

ОД МВР денеска соопштија дека исто така е утврдено и возилото со кое е извршено кривичното дело „ауди А5″ со скопски регистерски ознаки, во сопственост на Е.Ш., кое е пронајдено и одземено.

– На 02.11.2024 од страна на ЕНК-ОКСД во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Ш.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривична пријава против Е.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ, при што Е.Ш. е лишен од слобода, а Ш.Ш. е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање..
Од страна на Судија на претходна постапка на двете пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, појаснуваат во соопштението од МВР.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фригија – мистериозна територија на Афионкарахисар, Туркије

Следно

Синдикатот на вработените во технолошкиот сектор на Њујорк тајмс најави штрајк пред изборите

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop