Мисајловски: Алијанса за Албанците велеше дека ДУИ е канцерот на општеството, а сега влегуваат во коалиција со нив

February 15, 2023
1 min read

Слушнавме од нелегитимниот премиер дека има разрешување, но зошто, никој не знае, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕм Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.

Мисајловски рече дека со оваа реконструкција нема воопшто да го подобри животот на граѓаните во Македонија.

-Дали нешто ќе донесе подобро во овие 10 месеци ако влезе Алијанса, апсолутно ништо. Но се работи за една интересна работа која што ја слушнавме од пратеничката од Алтернатива дека изминатиот период кога се состанувала владата на СДСМ, замислете премиер од друга држава помагал да се состави. И тоа е директно мешање во внатрешните работи на една држава и се поставува прашањето дали од други центри се контролира и самата политика во Македонија, праша тој.

-Дали во Македонија се живее подобро? Дали во Македонија оди во подобра насока? Преку 74 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се грижи во погрешна насока и тоа го направија сите политики изминатите години. Дали сите министри што беа подобрија нешто? Не. Дали оваа влада ќе донесе реформи? Не, дециден е Мисајловски.

Мисајловски кажа дека има еден куп изјави од страна на Алијанса на Албанците кога изјавуваа дека ДУИ се канцерот на општеството, а сега кога влегуваат во коалиција со нив, ништо од тоа не им смета.

-Кога се збори за криминал многу е важно да се потсети Алијанса, Алтернатива дека секој ден збореа против ДУИ. Има еден куп изјави каде што изјавуваа дека се канцерот, сега тоа воопшто не им смета, додаде тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

74 ГОДИШЕН ДЕДО ЛЕЖЕЛ ПОД УРНАТИНИТЕ 9 ДЕНА – спасувачите не можеле да им поверуваат на очите кога го виделе по 227 часа без вода и храна (ВИДЕО)

Следно

Oткажана уште една манифестација поради недобиена поддршка од Министерството за култура

Latest from Blog

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу
Go toTop