Илјадници граѓани на местото на трагедијата палат свеќи, тројцата повредени се уште во критична состојба

November 2, 2024
1 min read

Во Нови Сад денеска почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица. Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Вечерва спроти Железничката станица во Нови Сад илјадници граѓани палеа свеќи и оставаа цвеќиња и играчки, како и во текот на целиот ден. Насобраните држат транспаренти со имињата на 14-те загинати во несреќата. Свеќи беа запалени и на плоштадот Слобода.

Директорката на Клиничкиот центар на Војводина Весна Туркулов денеска изјави дека тројцата повредени во несреќата пред зградата на железничката станица во Нови Сад, според последните информации, се во тешка состојба, дека се во бессознание, сите се на машини за вештачко дишење и се витално загрозени.

Туркулов рече дека денеска се направени нови операции на тројцата спасени пациенти и дека во тек е дополнителна дијагностика.

– Сите се во многу тешка состојба и се хируршки третирани. Неблагодарно е да се даваат предвидувања. Станува збор за сериозни повреди опасни по живот, така што исходот е навистина неизвесен. Сите се млади луѓе, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина.

Туркулов повтори дека станува збор за сериозни повреди со нагмечувања на внатрешните органи.

– Постојано се праќаат на дополнителна дијагностика, на скенери, каде се забележува некое ново внатрешно крварење, за дополнително да се лекуваат внатрешните повреди, нагласи таа.

Во несреќата спасени се три лица, две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марковски: Ваквите наоди на ЕК се пренагласени и се однесуваат на изолирани случаи

Следно

Никола Димитров удрен

Latest from Blog

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на ребрендирањето на Атлетскиот клуб „Олимп“, настан кој беше оценет како историски момент за битолската и македонската атлетика.

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф
Go toTop