ЕУ го воведува десеттиот пакет санкции против Русија

February 15, 2023
1 min read

Челниците на Европската Унија најавија дека освен Русија цел на санкциите на ЕУ ќе биде и Иран бидејќи е поврзан со набавка на беспилотни летала што се користат во руските напади врз Украина. Санкциите ќе вклучат целосна забрана за извоз на ирански субјекти кои се занимаваат со производство и набавка на беспилотни летала

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го објави новиот, десетти по ред пакет санкции против Русија откако таа ја започна својата воена инвазија на Украина пред речиси една година.

„Денеска го зголемуваме притисокот на Русија со десеттиот пакет санкции. Ја слабееме нејзината способност да ја одржува својата воена машина. Ја тераме Русија да плати“,

се вели во дел од обраќањето на Фон дер Лајен што таа го објави на нејзиниот профил на Твитер.

Фон дер Лајен додаде дека освен Русија цел на санкциите на ЕУ ќе биде и Иран бидејќи е поврзан со набавка на беспилотни летала што се користат во руските напади врз Украина. Санкциите ќе вклучат целосна забрана за извоз на ирански субјекти кои се занимаваат со производство и набавка на беспилотни летала.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека санкциите ќе опфатат мерки против банкарскиот сектор, напредните технологии, како и санкционирање на речиси 100 дополнителни поединци и субјекти поради нивната улога во поткопувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Ова ги вклучува оние што се одговорни за воени активности, за политички одлуки, пропаганда и дезинформации“,

рече Борел.

Санкциите, додаде Борел, ги вклучуваат оние кои се вклучени во нехумани киднапирања, депортации и принудно посвојување украински деца во Русија, како и оние што го олеснуваат грабежот на украинските ресурси.

„Вчера на состанокот на министрите на НАТО добивме јасни докази дека тоа се случува“,

додаде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.

Санкциите се однесуваат и на овластените органи и таканаречените судии во четирите незаконски анектирани украински региони Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје, кои, како што изјави Борел, им даваат лажен легитимитет на руските владетели и нивните незаконски одлуки.

Најавата дека ЕУ ќе го воведе десеттиот пакет санкции против Русија беше обелоденета од шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Украина на почетокот на месецов.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје ќе го реконструира булеварот АСНОМ

Следно

РУШЕВИНИ НАМЕСТО НАСЕЛБИ: Повеќе од 50.000 згради уништени или тешко оштетени во разорните земјотреси во Турција

Latest from Blog

Најубавата спортска приказна викендов: Подолски на 40 години го освои Купот со својот клуб од детството!

Лукас Подолски, 40-годишниот капитен на полски Горњик Забже, го освои Купот на Полска со својот клуб од детството, победувајќи го Раков со 2-0 и освојувајќи го нивниот прв трофеј по 38 години.

Брод со 1,9 милиони барели иранска нафта поминал незабележано покрај американската морнарица

Според компанијата за следење на танкери, бродот носи повеќе од 1,9 милиони барели нафта, јавува агенцијата „Анадолу“. „Супертанкер од класата VLCC, во сопственост на Националната иранска компанија за танкери (NITC), кој носи

Димовски: Позитивни бројки од ТИРЗ – платите растат, извозот и уплатите во буџет во пораст

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски

Лоши вести од Англија: На Фергусон не му беше добро, па мораше итно да го напушти “Олд Трафорд“!(ФОТО)

Во моментов се игра големото дерби во Англија меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Секако кога играат овие две екипи, во ложата е и Алекс Фергусон, легендарниот тренер на Јунајтед, но тој нема

Димовски: Компаниите во ТИРЗ со поголеми плати, извоз и буџетски придонеси

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, соопшти дека компаниите кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во текот на 2025 година и почетокот на 2026 година бележат значителен раст на повеќе економски
Go toTop