60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации

October 29, 2024
1 min read

192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти директорот на ФИТР, Никола Додов на денешната прес-конференција за ревизијата во оваа институција. Се работи за 60 фирми за кои се води истрага.

Постои и долг за оперативни трошоци од 1.3 милиони евра ненаплатени од поранешното раководство, се преземаат чекори за утврдување одговорност, а за само еден месец 600 илјади евра веќе се наплатени од сегашното, ново раководство.

Директорот Додов соопшти дека во тек е сеопфатна ревизија на исплатените средства за проектите и на самите проекти како се одвивале и одвиваат во моментот.  Се истражува и како и по кој законски основ станале корисници на средства од ФИТР.

Постои и основан сомнеж дека со политички договори се дадени огромни средства за проекти, а не според законските прописи и услови на ФИТР.

Се истражува и случај на големи средства дадени во ковид кризата на медицински установи блиски до минатата власт.

Компанија во блиска врска со тогашната власт, поврзана со СДСМ и ДУИ добивала огромни средства од фондот, а  истото лице е поврзано и со други 4 компании, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија, извести директорот на ФИТР, кој најави одговоорност за сериозните неправилности во работата на претходното раководство.

Посочи и дека неколку фирми биле корисници на повеќе грантови за исти, идентични проекти.

Потенцира и дека два „Иновациски“  градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.

Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи

Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција директорот Додов најави дека ќе извести за кривичните пријави.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

Следно

Израелскиот парламент го одобри предлог-законот за забрана на активностите на УНРВА

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop