СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

October 29, 2024
1 min read

Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски се обидува да го заштити Раководителот на наплатата на патарините, но неуспешно, велат од опозициската партија СДСМ.

„Дури откако реагираше СДСМ на прес конференција им текна да се бара наплата преку Секторот за финансии, со фактура за дозволеното незаконско поминување на 40 возила низ патарините.

Чекале повеќе од еден месец и воопшто не постапиле согласно правилата, прво да се израби профактура пред настанот, и секогаш да биде наплатено пред поворката од возила да помине.  

Сето ова е јасен показател дека Раководителот на наплата на патарините, Ванчо Милевски е фатен во класична злоупотреба на службената положба и основано сомнение за сторено кривично дело.

Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина.

Го повикуваме Коце Трајановски да не пробува да го извади Раководителот Ванчо Милевски. Трајановски има обврска да го пријави случајот и да побара од надлежно Јавно обвинителство да го расчисти во целост. Во спротивно Трајановски станува соучесник во кривичното дело“, стои во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Визер“ ги укина летовите од Скопскиот аеродром до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Следно

60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации

Latest from Blog

Шокантни детали во новите документи на ФБИ за вонземјаните: Мали суштества и мистериозни материјали (ФОТО)

Новообјавените документи од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) откриваат извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи и извештаи за „суштества високи еден метар“ кои, според очевидци, „излегле од летало“, како и

Љутков: Квалитетна Национална стратегија за вистински развој на културата

Заштита на културното наследство и обука и вработување на стручен кадар кој е дефицитарен, реорганизација и оптимизација на дел од националните установи, без отпуштање на вработени, ова се дел од клучните поенти
Go toTop