Националниот парк Шар планина се уште ги чека средствата за имплементација на проектот „Инвестираме во Шара“

October 28, 2024
1 min read

Опстанокот на Националниот парк Шар Планина се доведува во прашање. Системот за електронска наплата за влез на посетители на Шарскиот масив, кој требаше да биде основен приход на установата не е воспоставен. 

Од Националниот парк за телевизија 24, изјавија дека Министерството за животна средина се уште не ги исплатило средствата од проектот „Инвестираме во Шара“ наменети за системот за наплата, но и изградбата на зелена инфраструктура.

Договорот за финансиска подршка  е потпишан во мај, а во текот на летото требаше да се имплементира. Постапките околу подготовка на документација, јавни набавки, ги завршивме, но парите од министерството се уште ги чекаме, велат од паркот. 

„Наплатата ќе се однесува на загадувачите (возилата) и субјектите кои ја користат природата за остварување приход, а локалното население кое живее во заштитеното подрачје е ослободено од плаќање влез во Националниот парк.Оваа компонента е исклучително важна за институцијата. Како што знаете Јавната Установа Национален парк Шар Планина иако е основана од државата, функционира со само-финансирање. Освен првичната финансиска поддршка за основање оваа година немаме добиено средства. Од наплатата на влезници ова лето ги очекувавме првите средства кои ќе покријат дел од трошоците за функционирање на институцијата. Практично за половина од вработените за следната година нема средства да се исплатат основни трошоци. Без нив се доведува во прашање опстанокот на Установа од национален интерес, вели Дехари.

Од Министерството за животна средина соопштија дека средствата наменети за Националниот парк Шар Планина како дел од проектот „Инвестираме во Шара“ ќе бидат наскоро исплатени.  

„Во однос на реализацијата на проектот “Инвестирајте во Шара“ со кој ЈУНП Шар Планина аплицираше на јавниот повик за разспределба на средства од Програмата за инвестиции во животната средина на МЖСПП и доби средства во висина од 6 милиони денари, Ве информираме дека постапката за исплата е во тек. Во моментот се подготвува документацијата за исплата и средставата во најскоро време ќе бидат исплатени“, информираа од Министерството за животна средина.  

Проектот “Инвестираме во Шара“ предвидува нови излетнички места, патокази, мостови, како и објекти за потребите на ренџерската служба на паркот. Целта е поголема заштитата на биодиверзитетот и равој на туризмот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Членови на управата на Реал Мадрид бараат Анчелоти да биде отпуштен

Следно

Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop