Најдено решение за исплата на јануарската плата во Кабинетот на претседателот, со покачување од 5 проценти за административните службеници

February 15, 2023
1 min read

Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот.

– Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати, се појаснува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Порше“ удри во билборд: МВР со детали за сообраќајката кај Визбегово

Следно

Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје

Latest from Blog

Едно лице загина, четворица се повредени во украински напад врз рускиот Ростовски регион

Тој соопшти дека три лица се тешко повредени, а меѓу повредените е и еден странски државјанин. Украинскиот напад предизвика пожар во магацинот на логистичка компанија, кој оттогаш е локализиран. Товарен брод што

Гвардиола искрен: Секој би играл за Реал Мадрид

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека апсолутно нема да му застане на патот на Родри доколку шпанскиот репрезентативец посака трансфер во Реал Мадрид. Гвардиола рече дека се надева дека Родри
Go toTop