Норвешкиот премиер ситуацијата во Газа ја опишува за „алармантна и драматична“ во екот на „варварската“ израелска војна

October 28, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денес силно го критикуваше Израел, велејќи дека војната на Тел Авив во Газа е „варварска“, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Тој ја опишува ситуацијата во Газа како „алармантна и драматична“.

Сторе ја истакна важноста на почитувањето на меѓународното хуманитарно право.

„Кога овие принципи се прекршени, како во Газа, тогаш тоа претставува варварство“, изјави тој за весникот „ВГ“.

Тој ги даде овие изјави во време на предупредувањето на ОН објавено во текот на викендот дека целото население на Северна Газа е во опасност од смрт поради тековната брутална израелска воена офанзива.

„Кога веродостојни извори, како што се ОН, СЗО (Светска здравствена организација), Црвениот крст, Црвената полумесечина и здравствениот персонал праќаат алармантни пораки – тогаш тоа е сериозно“, рече тој.

„Алармантно е кога сме сведоци на неизбежен глад, смрт и болести меѓу стотици илјади ранливи луѓе во северниот дел на Газа. И тоа се случува сега, во наше време. Тие (Палестинците) чувствуваат дека никаде не се безбедни“, додаде Сторе.

Денес норвешкиот премиер ќе отпатува за Исланд за да разговара за ситуацијата во Газа со своите нордиски колеги, пред Нордискиот совет што ќе се одржи утре, објави весникот.

Според локалните здравствени власти, откако Израел започна војна против Газа на 7 октомври минатата година, речиси 43.000 Палестинци се убиени, повеќето жени и деца, а над 100.000 се повредени.

Повеќе од една година по израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а поради нападите постои недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид врз Палестинците пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски- Борисов: Со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји

Следно

Турскиот министер за надворешни работи ќе престојува во официјална посета на Велика Британија

Latest from Blog

Трансфери во најава: Ѓокереш во Барса, Осимен во Арсенал, Баркола во Ливерпул за 135 милиони евра, Нето се сели во С.Арабија…

фото: Premier League (X) И тоа како е интересно на фудбалскиот пазар во Европа. Откако, секако поради СП 2026, клубовите во Премиерлигата како да беа тивки, сега и тоа како покажуваат кој

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува
Go toTop