СДСМ: Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки

October 23, 2024
1 min read

Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова, вели денеска на прес-конференцијта, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога.

Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки.

За дел од помилуваните има основани индиции дека се вмешани и во други кривични дела и криминални пресметки, како што беше пукањето во Чаир.

Помилувани се и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски кој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

Со овие скандалозни одлуки Давкова застана во заштита на криминалците и нарко клановите.

Ова е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции.

Сето ова се случува во време кога се загрозува безбедносниот систем и со партизација на Агенцијата за национална безбедност.

Осудени криминалци треба да се соочат со правдата а не да шетаат слободно и да хараат по улиците.

Во услови кога на улиците има зголемени криминални пресметки, овие помилувања дополнително ќе ги охрабрат криминалците со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните.

Давкова го поткопува владеењето на правото и даваат сигнал дека секој што е под заштита на власта може да прави што сака.

Клучното прашање е зошто Давкова ја носи оваа скандалозна одлука?

Дали власта има дил со криминалните структури кои се ставаат во нивна служба на овој начин?

Ова е скандал од огромни размери и со сериозни последици за безбедноста на граѓаните.

СДСМ бара претседателката Силјановска Давкова веднаш да ја повлече скандалозната одлука“, вели Кузеска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕЛА ОД СИТЕ ФАЗИ НА ТВОРЕШТВОТО НА БЕДИ ИБРАХИМ НА ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ НА 28 ОКТОМВРИ

Следно

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5%, се темели на инвестиции

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop