Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто

October 22, 2024
1 min read

Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за развој на Грција ја објавија конкретната листа со производи, која според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис е само почеток на иницијативата и постепено ќе бидат вклучени над 600 производи од различни добавувачи.

Маринакис на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека намалувањето на цените на основните производи за широка потрошувачка е по иницијативата и повикот од министерот за развој Такис Теодорикакос до сите добавувачи на храна и брендирани производи за широка потрошувачка, како и организирана малопродажба.

– Намалувањата на цените на овие први 120 кодови на производи за широка потрошувачка ќе се движат од шест до 15 проценти, а синџирите на супермаркети веќе го известија Генералниот секретаријат за трговија за соодветните листи со производи, рече вчера Маринакис.

„Катимерини“ пишува дека компаниите се обврзале намалувањето на цените да трае најмалку два месеци, но генералниот директор на Сојузот на супермаркети Апостолос Петалас за весникот рекол дека процените се дека времетраење сепак ќе биде подолго околу три-четири месеци.

Годишната инфлација во Грција во септември беше 2,9 проценти, според официјалните податоци од Службата за статистика, додека пак инфлацијата на прехранбените продукти беше 3,2 отсто.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Туркије и Латвија ќе ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија

Следно

Протоколарна средба на министерот Муцунски со новите членови на историската комисија

Latest from Blog

ВЛЕН: Новиот протокол со Турција ќе ја засили трговската размена и економскиот раст

Економскиот развој на Северна Македонија е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, порачаа од коалицијата ВЛЕН. Оттаму информираат дека по повеќе од 12 години Северна

БРУТАЛНИ СУДИРИ ВО БЕЛФАСТ – Толпа нападна куќи на странци и палеше оклопни возила

Стотици демонстранти нападнале полицајци и запалиле возила на голем број локации низ Северна Ирска откако во јавноста се прошири видео од напад со нож кој, како што пишуваа светските медиуми, го извршил

Пет земји од Европската Унија предлагаат ограничување на правото на глас за идните членки на блокот

Група земји-членки на Европската Унија (ЕУ) предлага идните членки на блокот да имаат ограничени права за време на транзицискиот период по приемот во членство, пренесуваат светските агенции. Клучен меѓу овие ограничувања е

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов максимум во потенцијалната поддршка од гласачите, според истражувањето на INSA објавено денес. Според анкетата, 35 проценти од испитаниците рекле дека можат да
Go toTop