Јужна Кореја повика на повлекување на севернокорејските трупи, наводно распоредени во Русија

October 21, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Јужна Кореја денес повика на „итно повлекување“ на севернокорејските трупи, наводно распоредени во Русија, пренесува Анадолу.

Првиот заменик-министер за надворешни работи, Ким Хонг-кјун, го повика рускиот амбасадор во Сеул, Георги Зиновиев на разговор и повика на „итно повлекување на севернокорејските трупи“, јави новинската агенција Јонхап.

Ким изјави дека воената соработка меѓу Пјонгјанг и Москва „надвор од одредбата за воено снабдување претставува сериозна закана за Јужна Кореја и меѓународната заедница, а истовремено и прекршување на повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН)“.

Осудувајќи го наводното распоредување на севернокорејските трупи во Русија, Ким остро предупреди дека Сеул ќе одговори со сите можни средства, со меѓународната заедница, на какви било дејства што ги загрозуваат суштинските интереси.

Јужна Кореја минатата недела тврдеше дека Северна Кореја испратила 1.500 војници во Русија за да ја поддржи војната на Москва против Украина, а Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг планира да прати околу 10.000 војници во Русија.

Пјонгјанг допрва треба да го демантира или потврди тврдењето на Сеул.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три вработени во ЈСП добија обвинение: Присвоиле над 23 милиони денари преку манипулација со билети

Следно

Дрекслер: Берлинскиот процес го исцрта патот кон конкретни чекори напред преку поддршка на заедничкиот акциски план за регионален пазар

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop