Четворица вработени од Зоо Скопје од утре под здравствен надзор, еден од нив ќе биде тестиран за птичји грип

October 20, 2024
1 min read

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица во текот на утрешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птији грип. За 16-тиот од листата, кој се уште не е исконтактиран, ќе се направат напори да биде исконтактиран во текот на денешниов ден, информира директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.

-Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Тие секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба, изјави денеска Андоновска пред Институтот за јавно здравје.

Епидемиозлозите, како што рече, ја информирале дека еден од четирите лица за кои е завршена епидемиолошката анкета, на 18 октомври имал симтоми со температура и дијареја кои траеле еден ден што, како што рече, не значи дека укажува дека тоа лице има птичји грип.

-Тоа лице ќе биде тестирано во текот на утрешниот ден, бидејќи препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите се дека по појавата на првите симптоми во рок од пет дена треба да има тестирање, појасни Андоновска.

Нагласи дека нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина доколку немале директен контакт со заболените птици од птичји грип.

-За да се пренесе птичји грип треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите, измет или слично од овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека ризикот е мал доколку посетителите немале близок контакт, потенцира Андоновска.

Смета дека надлежните институции во текот на вчерашниот ден имале брза и навремена реакција согласно законските прописи и протоколи. Вели дека Лабораторијата на ИЈЗ е референтна и меѓународно акредитирана лабораторија за дијагностика на инфлуенца или грип од хумано и анимално потекло и дека во моментов има тестови за птичји грип, но додава дека не знае колкава ќе биде потребата и дали ќе треба да се набавуваат нови.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку 7 лица загинаа при уривање на пристраниште за траекти во САД

Следно

Андоновска: Вработени од Зоо градината ќе бидат ставени под здравствен надзор, еден ќе биде тестиран за птичји грип

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop