(ВИДЕО) По 204 часа од земјотресот спасувачите извлекоа пет преживеани од урнатините

February 14, 2023
1 min read

Две лица се извлечени од урнатините во јужниот град Хатај околу 204 часа по земјотресот што ја погоди југоисточна Турција и делови од северозападна Сирија. Едното лице е жена по име Муна, странска државјанка, која е извлечена жива од урнатините во Хатај, пренесува агенцијата Анадолија

Најмалку пет лица се спасени денеска од урнатините на областите погодени од земјотресот во Турција, објавија локалните медиуми. Спасувањето е осум дена по најтешкиот земјотрес во модерната историја на земјата, кој според досегашните информации однесе повеќе од 37 000 животи во Турција и во соседните Сирија.

„Две лица се извлечени од урнатините во јужниот град Хатај околу 204 часа по земјотресот што ја погоди југоисточна Турција и делови од северозападна Сирија. Едното лице е жена по име Муна, странска државјанка, која е извлечена жива од урнатините во Хатај“,

објавија турските медиуми.

Претходно денеска, осумнаесетгодишниот Мухамед Кафер беше спасен од урнатините на зграда во јужна Турција 198 часа по земјотресот, објави Си-ен-ен турк.

Во турската провинција Адијаман, телевизијата покажа дека спасувачите го носат Кафер врзан за носилки со маска за кислород на лицето, додека до него бил здравствен работник.

Кафер мрдаше со прстите додека го носеа до Брзата помош. Претходно, спасувачите спасија двајца браќа од урнатините на станбен блок во соседната провинција Кахраманмарас.

Државната новинска агенција Анадолија наведува дека станува збор за седумнаесетгодишниот Мухамед Енес Јенинар и неговиот дваесе и едногодишен брат Баки Јенинар. Тие се хоспитализирани, а не се знае каква е нивната состојба.

Неколку часа претходно агенцијата Анадолија, објави дека и дваесет и шестгодишна девојка е извлечена од под урнатините во Хатај.

Вкупниот број на загинати во Сирија, разрушена од граѓанска војна, достигна 5 714, вклучувајќи ги и оние што загинаа во бунтовничката енклава и оние во областите под контрола на владата. Тоа е шестата најсмртоносна природна катастрофа овој век, зад земјотресот во 2005 година во кој загинаа најмалку 73 000 луѓе во Пакистан.

Десетици жители и припадниците на службите за итни случаи во изјава за Ројтерс се пожалија на недостиг од вода, храна, лекови, вреќи за телата и кранови во зоната на катастрофата во првите денови по земјотресот, а многумина ја критикуваа бавната реакција на турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УШТЕ ЕДЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА – тлото не престанува да тресе на секој час, граѓаните преплашени!

Следно

Нов предизвик за преживеаните во Турција: Се повеќе луѓе бараат лекарска помош поради овој проблем

Latest from Blog

Путин доби ултиматум од Европа

„Ново, верувам, е што овој процес сега добива нов импулс во Европа“, изјави денес Стефан Корнелиус, портпарол на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој рече дека ново е што европските земји го преземаат

Психијатриската болница „Бардовци“: Само девет психијатри лекуваат 300 пациенти

Екипата на „Фокус“ успеа да влезе во Психијатриската болница „Бардовци“, каде што во моментов има 298 лежечки пациенти. Услови под секое човечко достоинство, прозорци без стакла, руинирани простории, насилство што тешко се

Трет ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, во организација на ФУЕН и Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Третиот ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа беше посветен на запознавање со културното, верското и историското наследство на Тирана. Учесниците најпрво го посетија Националниот музеј на

Активни интервенции на „Нискоградба“ низ Битола по поројните дождови

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот. Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат
Go toTop