Локални избори во Белгија

October 13, 2024
2 mins read

Во Белгија денеска се одржуваа локални избори на кои треба да бидат избрани членовите на 10 провинциски и 583 општински совети, со што ќе се заокружи формирањето на новите органи на власта на сите нивоа на власта по националните и регионалните избори одржани во јуни годинава.   

Основна карактеристика на локалните органи на власта во Белгија е што партиската соработка во провинциите и општините често отстапува од националните и регионалните рамки, како во врска со креирањето политики, така и во формирањето коалиции. 

Во пресрет на изборите останува прашањето дали ќе продолжи досегашната доминација на левицата на локално ниво во Фландрија и Брисел, имајќи пред вид дека на јунските избори во овие два региона најмногу гласови освои либералното Реформско движење (МР), а значаен пробив оствари и центристичката партија Посветените (ЛЕ).  

Во Фландрија, пак, каде во претходните изборни циклуси доминираше десницата, во јуни раст на освоените гласови во споредба со 2019 година забележаа социјалдемократската партија Напред (Ворујт) и екстремно левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА). 

Во Брисел, каде Социјалистичката партија (ПС) има шест од 19-те општински градоначалници и учествува во власта во над половина од општините, социјалистите се соочуваат со сериозен предизвик од либералите, Работничката партија и независната листа на Фуад Ахидар. 

Актуелниот бриселски градоначалник, социјалистот Филип Клоз се бори за реизбор, но ќе има сериозна конкуренција во кандидатот на МР, Давид Вејцман, кој има за цел на либералите да има ја врати градоначалничката функција во Брисел што ја загубија во 2000 година. Либералите, кои сега имаат само два градоначалници во Брисел, очекуваат значително зголемување на нивниот број на денешните избори.

Пред сериозен предизвик е и бриселската регионална центристичка партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ), која има градоначалници во три бриселски општини, но имаше слаби изборни резултати во јуни. 

Екологистите, кои не поминаа премногу славно на јунските избори, особено франкофонската Еколо, се надеваат да опоравување на денешното гласање. Досега, Еколо имаше три градоначалници во Брисел, шест во Валонија и учествуваше во власта во 75 општини во двата региони. Партијата ја зголеми својата популарност во минатата деценија додека беше во опозиција, но нејзиното учество во федералната и регионалните влади резултираше со намалување на бројот на нејзините поддржувачи.  

На ниво на Валонија, ПС има 78 градоначалници и учествува во локалната власта во 140 од вкупно 261-та општина, но нејзините позиции се очекува да бидат сериозно загрозени од МР и ЛЕ. 

Во Фландрија се проценува дека доминацијата ќе ја задржи десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на кандидатот за нов белгиски премиер и градоначалник на Андерлехт, Барт Де Вевер, но нејзините позиции можат сериозно да бидат поткопани од екстремно десничарската партија Фламански интерес (ВБ), која се очекува да победи во источниот дел на фламанскиот регион. 

По дебаклот на изборите во јуни, партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на белгискиот премиер во заминување Александер Де Кро, се очекува „да се поврати“ на денешното гласање, имајќи предвид дека таа по правило ужива поголема поддршка на локално ниво.  

Локалните избори во Белгија се одржуваат на шест години и годинава се случи тие да се одржат само четири месеци по европските, националните и регионалните избори. Ваквата состојба резултираше со воздржаност на партиите околу постигнувањето договори за коалициска соработка на повисоките нивоа на власта и утврдување на програмите за работа со очекуваните непопуларни мерки за штедење, поради што се јавија предлози за измени на законодавството за локална самоуправа, со што органите на локалната власт би се бирале на пет години, заедно со федералниот и регионалните парламенти. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози

Следно

Рокас за МИА: Единствена цел во мојот мандат е да ѝ помогнам на земјата да влезе во ЕУ

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop