Туркије: Рударите спасија 26-годишна жена 201 час по земјотресот

February 14, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – 26-годишна жена, која остана под урнатините на зграда во Хатај, спасена е 201 час по земјотресот што во понеделникот минатата недела ги погоди јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Бројни тимови продолжуваат со напорите за пребарување и спасување во градот Антакија во Хатај.

Припадниците на рударскиот спасувачки тим денес, по огромни напори, успеаја да ја спасат 26-годишната просветна работничка Емине Акѓул од урнатините на станбена зграда.

По спасувањето, жената со амбулантно возило веднаш е префрлена во болница.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во земјотресите во Туркије според последните податоци животот го изгубија најмалку 31.974 луѓе, а над 80.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Кога домашната работна сила се извезува, а странска недоволно се увезува

Следно

Град Скопје велат дека не се надлежни за Скопско Кале каде е оштетен потпорен ѕид

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop