Стратегија со која се предвидува укинувањето на балансерот се подготвила кога Алтернатива раководеше со администрацијата

October 11, 2024
1 min read

Министерот за администрација, Горан Мирчев, вчера рече дека укинувањето на Балансерот добило зелено светло во текот на претходната власт, чиј дел беше и ДУИ, кои дадоа зелено светло за усвојување Националната стратегија за Реформи во јавната администрација 2023-2030 година, каде се истакнува дека Балансерот веќе не е потребен.

Но тоа што не го рече Минчев е дека во тој период освен ДУИ дел од Владата беше и Алтернатива која е дел од коалицијата ВРЕДИ, дел од актуелната власт. Но не само тоа, Алтернатива во тоа време управуваше со Министерството за јавна администрација. Тоа денеска го истакна екс пратеничката на ДУИ, Арта Билали Зендели.

Стратегијата во влада за реформи во јавната администрација е предложена од министрите од тоа време, кои беа министри на актуелните политички партии кои ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ“, вели Арта Биљали Зендели.

Од едно пребарување во системот ЕНЕР, лесно може да се најде драфт текстот на стратегијата за реформи во јавната администрација. Тој е објавен на 9 февруари 2023 и надлежна институција е токму министерството од тоа време кое се нарекуваше “информатичко општество и администрација“, а во тој период министер беше Адмирим Алити од Алтернатива.

Ако кликнеш на верзијата 2 од драфт текстот, се отвора Стратегијата која конечната форма ја доби во февруари 2023, во последниот месец од мандатот на Адмирим Алити по кого во овој ресор дојде Азир Алиу од АА, крилото на Таравари.

На 48 страница од овој текст  во делот насловен “Деполитизација на јавната администрација“ меѓу другото се вели дека “….во фазата пред донесување на одлуката за избор секако треба да се води сметка и за начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. На овој начин, од една страна  се надминува потребата од примена на алатката наречена „балансер“, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.”

Како и да е, овој акт никогаш не доби зелено светло во Собрание, појасни денеска екс пратеничката од ДУИ, Биљали Зендели.

Биљали Зендели додаде дека Стратегијата за реформи во јавната администрација се користи за дефокусирање од одлуката на Уставен суд за укинување на декларацијата за етничката припадност при вработувањето, одлука која ја нарече скандалозна и убиствена. Оваа одлука како што рече, му нанесува голема штета на Рамковниот договор и мултиетничкото општество во земјава.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во првиот квартал во 2024, 90,8 отсто од домаќинствата имале интернет

Следно

Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Latest from Blog

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.

Во Белгија издадено портокалово предупредување поради опасен екстремен топлотен бран

СКОПЈЕ (AA) – Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули, јавува Анадолу. Според Институтот, Белгија

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти
Go toTop