Герасимовски: Почнуваме со реконструкција на улицата „Ленинова“

February 14, 2023
1 min read

Утре (15.02.2023) почнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Зафатот ќе опфати поставување на нов горен и долен слој на асфалт, водоводна и атмосферска канализациона мрежа, нови тротоари и рабници, а ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата.

„Ленинова“ ќе добие и нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување по цела должина на потегот.

– Со оваа реконструкција им излегуваме во пресрет на жителите, кои на крајот ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност, кажа градоначалникот Горан Герасимовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Спасувачите од урнатините извлекоа над 8.000 преживеани

Следно

Со „Саем на домашно вино“ и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Latest from Blog

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот

Обединетите Арапски Емирати ДИСКРЕТНО ГРАДАТ ВОЕНА БАЗА ВО НЕПРИЗНАЕНА ДРЖАВА

Далеку од очите на јавноста, на работ на Бербера, градежните работи се во полн ек. Крајбрежниот град во самопрогласената Република Сомалиленд, најпознат по своето ново пристаниште, економскиот крвоток на територијата, има уште

Утре нов обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“
Go toTop