ОВАЦИИ И БИС ЗА АНА ДУРЛОВСКИ СО ИЗРАЕЛСКИОТ ДИРИГЕНТ ШАРОВСКИ НА СЛАВЕНИЧКИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

October 11, 2024
1 min read

Оперската пејачка Ана Дурловски неколкупати се врати да се поклони пред публиката на концертот „Го славиме јубилејот“, во четвртокот навечер во Филхармонијата.

Дурловски со овации беше испратена откако во првиот дел од концертот со оркестарот на Филхармонијата ги испеа „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и соло песна на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. Гостин диригент беше Јерухам Шаровски од Израел.  Љубовниот репертоар кој го испеа сопранистката, совршено избран за нејзиниот глас ја воодушеви публиката, по што диригентот најави бис.

Претходно, на прес конференција, тој рече дека работел со многу врвни оперски пејачки, но за него Ана Дурловски е најдобрата.

Ана Дурловски неколкупати излезе да се поклони по настапот со диригентот од Израел Јерухам Шаровски (Фото: К. Попов)

„Одбравме специфична и интимна програма со дело во кое музички е илустриран најубавиот момент на смрт и разделба“, најави сопранистката претходно.

Концертот имаше впечатливо отварање со светска премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, а заврши со симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Со овој концерт, Филхармонијата го прослави 80- годишен јубилеј. На следниот концерт на 17 октомври гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

[Видео] Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки пред нас

Следно

Панова: Со балансерот ја уништивме администрацијата, мораше да се вработуваат луѓе кои не доаѓаат на работа

Latest from Blog

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop