Бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут се искачи на 18

October 10, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Бројот на убиени во израелските воздушни напади врз центарот на Бејрут се зголеми на 18, а повредени се 92 Либанци, известува Анадолу.

Двете силни експлозии во центарот на Бејрут, а над областа почна да се издига густ чад.

По нападот, во областа на нападот биле испратени голем број екипи на брзата помош и противпожарни возила.

Според очевидците, зградата која била цел на нападот била уништена, а оштетени се и околните куќи и возила.

Министерството за здравство соопшти дека во нападот во центарот на Бејрут убиени се најмалку 18 лица, а 92 се повредени.

Од 8 октомври 2023 година досега убиени се вкупно 2.141 Либанци, од кои 104 се деца, а 194 жени, објави Министерството за здравство.

Водачот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во израелските воздушни напади врз Бејрут на 27 септември.

Хезболах одговори со ракетни напади на Израел, но не е забележана поголема штета во овие напади, кои главно беа насочени кон воените бази на израелската војска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот

Следно

Алими: Подготвен сум да помогнам на која било позиција за Македонија

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop