Работна средба на Комисијата за одбрана и безбедност со здружението „Клуб на генерали“

October 9, 2024
1 min read

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност остварија работна средба со „Клубот на генерали“, невладино и непрофитно здружение кое моментно обединува 35 активни и пензионирани генерали на Армијата на Република Северна.

Претседателот  на Комисијата, Павле Арсоски, појасни дека средбата е по барање на Здружението и дека е од информативен карактер. Целта е пратениците кои членуваат во ова работно тело да се запознаат со работата на „Клубот на генерали“, кој е формиран во 2012 година и  организира многу активности, о насока на напорите за афирмирање и унапредување на потецијалите на Армијата и на одбранбениот систем.

Претседателот на Здружението, генерал Орце Јордев, информираше дека „Клубот на генерали“ членува во Асоцијацијата на здруженија од областа нс одбраната и дека остварува соработка со слични здруженија од регионот, како и во рамки на ЕУ и на НАТО.

Здружението има издадено монографија за воените генерали од земјава (1943-1917), која се планира да биде ажурирана во наредниот период.  Исто така, одбележува значајни годишнини од историјата и организира  трибини на актуелни безбедносни и одбранбени прашања.

Во минатите години, како што беше речено, акцентот беше на афирмација на стратешката цел на земјава за  влез во НАТО. Додека, пак, по остварувањето на оваа цел, во фокусот е процесот на целосна интеграција, приспособување и трансформација на одбраната и армијата на капацитетите на Алијансата.

Како претставници на Здружението „Клуб на генерали“, на средбата присуствуваа и пензионираните генерали Горанчо Котески и Здравко Поповски.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Црногорскиот „Планета 7693“, „М“ на Вардан Тозија и полскиот „Кога е… пролет е во воздухот“, најдобри филмови на 12. „Џифони Македонија“

Следно

АД ЕСМ: СДСМ е главен виновник за катастрофалните состојби во енергетиката

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop