(ВИДЕО) Тројца убиени и петмина повредени при вооружен напад во универзитетски кампус во Мичиген, САД

February 14, 2023
1 min read

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил пронајден мртов на околу четири километри од универзитетот. Според чуварите на редот, тој починал од „самонанесена прострелна рана“

Најмалку три лица се убиени откако вооружен маж отворил оган на државниот универзитет во Мичиген, соопшти полицијата, пренесуваат светските агенции.  

Полициски екипи на местото на настанот/Фото: Принтскрин

Нападот, според медиумските извештаи, се случил околу 20 часот по локално време во зградата на универзитетот во градот Ист Лансинг. Во нападот се повредени уште пет лица кои се веднаш хоспитализирани, а дел од нив, според информациите, се со сериозни повреди и се наоѓаат во животозагрозувачка состојба.  

Нападот се случил во главниот кампус на Универзитетот во Мичиген.  

„Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука“,

изјави Крис Роузман, вршител на должноста началник на полицијата во кампусот.  

Според него, дел од повредените се во критична состојба. 

По нападот осомничениот побегнал, а во потрагата по него биле вклучени неколку стотици полициски службеници. Полицијата објави фотографии од него. Според описот, станува збор за маж, Афроамериканец, со низок раст. Носел тексас-јакна, црвени чевли и бејзбол-капа. 

Полицијата подоцна соопшти дека напаѓачот бил пронајден мртов на околу четири километри од универзитетот. Според чуварите на редот, тој починал од „самонанесена прострелна рана“.  

Засега нема информации за мотивите за нападот. Тие и понатаму остануваат нејасни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гази Баба ќе дава субвенции за вградување на уреди за течен гас или друго алтернативно гориво

Следно

Десницата во Италија убедливо победи на изборите во клучните региони Ломбардија и Лацио

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop