ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА СИСИ ХЈУСТОН, МАЈКА НА ВИТНИ ХЈУСТОН

October 8, 2024
1 min read

Сиси Хјустон, наградуваната соул и госпел пејачка и мајка на покојната поп дива Витни Хјустон, почина на 91 година во својот дом во Њу Џерси, објави семејството.

Родена како Емили Дринкард во 1933, таа подоцна го зела уметничкото име Сиси Хјустон. Од мала пеела во цркви, музичката кариера ја почнала во госпел групата „Дринкард фор“, а потоа ја основала аренби групата „Свит инспирејшнс“.

Хјустон ја почнала соло кариерата во 1970 и освои две награди Греми за својата госпел музика.

Како придружна пејачка соработувала со големи музички имиња, како Џими Хендрикс, Арета Френклин, Чака Кан, Отис Рединг и Дион Ворвик, но и со Елвис Присли, Бет Мидлер и Линда Ронстад. Беше барана сешн пејачка, па низ кариерата сними повеќе од 600 песни и нејзиниот вокал може да се слушне и на песни на Витни Хјустон, Бијонсе и Пол Сајмон.

Сиси Хјустон своевремено кажа дека не сакала нејзината ќерка да заврши во шоу бизнисот, но тие беа заедно во музиката во најголем дел од животот на Витни и често пееја заедно на концерти. И покрај тоа, имаа комплициран однос, при што Сиси Хјустон во своите мемоари напиша дека Витни знаела да биде и злобна и тешка.

Витни Хјустон почина на 11 февруари 2012, за што Сиси го обвинуваше нејзиниот сопруг Боби Браун, велејќи дека тој ја внесол длабоко во светот на дрогите.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Биктиќи: Владата ги скрати парите за стопанството, а сега ги тера да земаат кредити

Следно

Овации на публиката за Битолскиот театар на фестивалот во Полска

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop