Смртни закани кон Гризман од навивачи на Реал Сосиедад

October 7, 2024
1 min read

Навивачи на Реал Сосиедад му се закануваа со смрт на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, за време на неделниот натпревар од шпанското првенство, објавија денеска француските медиуми.

Французинот Гризман, кој во минатото го носеше дресот на Реал Сосиедад, беше пречекан во непријателска атмосфера на теренот каде првпат се појави во дресот на противничкиот тим, Атлетико.

Навивачите на Реал Сосиедад му скандираа „Умри“ и „Гризман е мртов“.

Францускиот напаѓач, кој неодамна се повлече од репрезентацијата, при секој контакт со топката беше исвиркуван од трибините.

Ваквото однесување го натера раководството на Реал Сосиедад на големите екрани на стадионот за време на натпреварот да ја пренесе пораката „Не на расистичките песни, ксенофобијата и нетрпеливоста. Охрабрете ја и поддржете ја екипата, но почитувајте го противникот“.

Пораката наиде на негодување од домашните навивачи и беше исвиркана од трибините.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски министер: Над 120.000 парчиња оружје поделено на Израелците, вооружувањето продолжува

Следно

БиХ: Првиот авион на турската компанија „AJet“ слета во Тузла, еден лет неделно на релација Тузла-Истанбул

Latest from Blog

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба
Go toTop