Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава

October 7, 2024
1 min read

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи ги санкционира сите утврдени незаконски, непрофесионални и неетички постапувања на вработените во МВР, стеснувајќи го на тој начин просторот за нивно повторување и испраќа силна порака дека професионалниот интегритет на вработените не случајно е негова стратешка определба, се наведува во одговорот на македонските власти на последниот Извештај на Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортурата и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ). 

Во одговорот се посочени и преземените и планираните мерки на македонските власти подготвени врз основа на препораките во Извештајот на Комитетот. 

Тие мерки, пред се, се однесуваат на изработката на проектот за реконструкција на затворениот дел од затворот „Идризово“, која треба да биде кофинансирана со кредит од Банката за развој на Советот на Европа, како и на подобрувањето на квалитетот на храната за штитениците на оваа казнено-поправна установа, за регрутирање и обука на дополнителен персонал за затворската полиција и за континуираните напори за борба против корупцијата во институцијата.

Извештајот на КПТ изработен врз основа на наодите на тимот на КПТ што ја посети земјава минатата година, а објавен на 15 мај годинава, беше фокусиран на третманот на лицата лишени од слобода од страна на полицијата, вклучително и на ефикасноста на истрагите по жалбите за наводно полициско малтретирање, како и на условите за притворените лица во четири затворски установи и образовниот центар за малолетници во Волковија.  

Во документот, исто така, беа наведени и забелешки за третманот и условите за живот на пациентите во две психијатриски болници и на штитениците на дом за социјална грижа. 

Тимот на КПТ во извештајот заклучува дека нема подобрување на состојбите во споредба со претходните посети во врска со постапувањето на полицијата со лицата лишени од слобода, па Комитетот ги повикува македонските власти да изготват сеопфатна стратегија за борба против несоодветното постапување од страна на полициските припадници и за подобрување на ефикасноста на истрагите по жалбите за лош третман. 

Во извештајот се оценува дека состојбата во затворот „Идризово“, во кој се сместени речиси 60 проценти од вкупниот број затворски штитеници во земјава, остана алармантна, при што се посочени случаи на физичкото малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персоналот, изолација на одредени штитеници на подолг рок, високо ниво на насилство меѓу затворениците, како и нехигиенски и небезбедни услови кои „дополнително се влошуваат со пренатрупаноста“ на установата.  

Според тимот на КПТ, дополнително и „распространетата корупција на персоналот“ и повластиците на одредени затвореници и натаму го поткопуваат правилното функционирање на затворската установа, што резултира со тоа некои штитеници во затворите да престојуваат во лоши услови. 

Комитетот потенцира дека е потребна стратешка реформа на затворскиот систем во земјава, став  кој се повторува во неговите извештаи повеќе од една деценија, со посебен фокус на искоренување на корупцијата меѓу затворскиот персонал и обезбедување на професионализација во раководењето со затворот. Реформата, според КПТ, ќе бара и именувањата на одговорните лица во затворите да бидат транспарентни, засновани на заслуги и деполитизирани.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Непречен сообраќај на патиштата

Следно

На Флорида ѝ се заканува ново страшно невреме

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop