Мицкоски oчекува договореното за цените да се почитува, ќе се санкционира секое неетичко однесување

September 24, 2024
1 min read

Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.

За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените пред носењето на одлуката за есенската потрошувачка кошница, Мицкоски порача дека секој кој се однесува шпекулативно, неморално и неетички ќе биде санкциониран.

На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека мерката ќе трае до крајот на октомври, а како резултат на неа 70-ина производи се со намалени цени, како резултат на анализа и теренски анкети со граѓаните.

– Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите, рече Мицкоски.

Најави дека наскоро ќе има промени во раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), каде се уште е директор од претходната власт.

– Не брзаме со овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека партизираме, итн. чекориме многу внимателно, сакаме да ги почитуваме сите закони за да не немаме после илјадници тужби и милиони пари на народот да се слеваат во приватни џебови и затоа внимателно чекориме во тој процес. Мислам дека набргу од денеска и таа работа ќе биде заваршена, ќе дојде ново раководство во ДПИ, рече Мицкоски, при престојот во општина Ѓорче Петров, по повод поставување камен темелник на спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесено обвинение за убиството на малата Данка од Бор

Следно

Мицкоски: Ќе ја направиме Македонија енергетски независна во делот на увоз на електрична енергија

Latest from Blog

Кина вели дека договорот меѓу САД и Иран треба да заврши во ОН

Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив оптимизам во последните денови за напредокот во разговорите за прекин на конфликтот. Ванг рече дека Кина се надева дека сите вклучени страни ќе останат посветени

Петровска: Министерката за финансии бега од одговорност за задолжувањето со нејзиното неприсуство

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни
Go toTop