Перински: Сто милиони евра за општините, критериумите се општи за сите да аплицираат и сите пари да се потрошат

September 23, 2024
2 mins read

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека од утре почнува евалуацијата на проектите на општините за распределба на сто милиони евра, чиј рок за доставување истекува денеска. Министерството за локална самоуправа објави јавен повик за распределба на сто милиони евра за оваа намена. Проектите се доставуваа до шест ресорни министерства – за култура и туризам, за транспорт, социјална политика, образование, животна средина и за спорт.

-Тој процес очекуваме да не трае подолго од седум до десет дена. Тоа значи дека кон средината на следната недела ние треба да имаме спремен извештај од ресорните министерства – кои проекти во нивниот ресор ќе се финансираат. Сакаме дел од овие средства колку што е можно побрзо да им ги направиме достапни на општините за да можат да ги ефектуираат и оваа година. Имаме општини каде зимата доаѓа многу побрзо од останатите, рече Перински.

Според министерот, ако извештаите бидат готови до средината на следната недела, веднаш ќе бидат ставени на владина седница за да се донесе конечна одлука.

Критериумите за селекција на проектите се сведени на два – Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Македонија; Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмет-пресметка не постара од 12 месеци.

На прашањето на „360 степени“ зошто Владата се решила на два општи критериума, а не се одело со појасни, построги и поконкретни за да се објективизира процесот на селекција, Перински одговори дека целта е стоте милиони евра да се искористат во целост.

-Во минатото кога се случувале слични повици, бидејќи ваков немало, општините аплицирале во ресорните министерства и притоа ресорните министерства евалуирале согласно своите специфични критериуми. Согласно ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, се кажува дека во иднина Владата треба да размисли да унифицира критериуми што ќе важат подеднакво за сите општини без разлика во кое министерство ќе аплицираат. Зошто? Доколку една општина сака да добие одредени средства од, да речеме, Министерството за транспорт, треба нејзиното барање да го усогласи со спецификите на Транспорт. Доколку сака да добие реконструкција на училиште, треба спецификите да ги приспособи до критериумите на Министерството за образование. Затоа ние, за да не ја обременуваме ситуацијата, за да им дадеме поголема можност на општините на рамноправна основа да добијат дел од овие средства, одлучивме да одиме со овие два критериума што навистина не се ограничувачки и секоја општина може да аплицира, одговори Перински.

Тој вели дека првиот критерим е токму во насока на искористување на точната предвидена сума од сто милиони евра.

Прашан дали во овој процес ќе видиме донирани проекти, Перински рече дека такви случаи имало во минатото – одредени компании, користејќи ја финансиската немоќ на локалните самоуправи, донираат проекти и фаворизираат некоја фирма која во иднина треба да го реализира тој проект.

-Искрено се надевам дека нема да имаме таков случај и за да немаме такви случаи во иднина, Министерството за локална самоуправа преку УНДП како имплементатор, со поддршка на шведската влада, им се нуди на локалните самоуправи и на оние што не се во можност да финансираат проект, со наши средства да им испроектираме, рече тој.

Општина Теарце е единствена од вкупно 81 единици на локалната самоуправа во државата која не успеала да аплицира. Прво, пратила апликација без потпис и печат и тоа од приватен мејл. Потоа, пратила апликација и по пошта, но рокот бил веќе пробиен.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Имаме потенцијал да станеме економски лидер во регионот со конкурентна економија и борба против корупцијата

Следно

Почина Јован Кочанковски – еден од основачите на најстарото научно друштво во Македонија

Latest from Blog

Европски стандарди во Охрид: „Баткоски“ го претвора стоматолошкиот третман во туристичко искуство

Сè повеќе Италијанци доаѓаат во Охрид по поубава и здрава насмевка. Кон крајот на март и почетокот на април градот очекува нова организирана група посетители од Италија што доаѓаат за стоматолошки третман

Виткоф: Состанокот меѓу Путин и Зеленски е клучен поради прашањето за територии

Можна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот диктатор Владимир Путин би можела да ги реши преостанатите точки на застој во мировниот план поддржан од САД, изјави специјалниот претставник на САД,

Меџити: Продолжуваат инфраструктурните инвестиции во Чаир

Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Како што соопштија од

Љутков: Кичево е Град на културата за 2026, пример како се негува и развива културниот дух

Градот Кичево денеска го добие признанието Град на културата за 2026 година со што свечено беше отворена манифестацијата. Министерот за култура Зоран Љутков истакна дека ова е признание за една културна зрелост

Николоски: Македонија од сега поврзана со Европа преку 22 нови авиолинии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави дека ќе бидат редовно воведени 22 нови авио-маршрути кои ќе ја поврзат Македонија со различни делови на Европа. Овие нови линии ќе бидат активни
Go toTop