Спиропали: Императив е и за ЕУ и за земјите од Западен Балкан да ги потврдат меѓусебните заложби во процесот на пристапување

September 23, 2024
1 min read

Членството во Европската унија останува наш стратешки приоритет, како во внатрешната, така и во надворешната политика. Скромно, но и по нашето право, ние веруваме дека ЕУ треба да продолжи да нуди јасен и достапен пат кон членството за двете наши земји, како и за целиот наш регион на Западен Балкан. Со одржување на кредибилна политика за проширување, ЕУ може да ги стимулира реформите и да поттикне чувство на надеж и насока, порача претседателката на албанскиот Парламент Елиса Спиропали, која денеска престојува во официјална посета на земјава.

По средбата со претседателот на Собранието Африм Гаши, Спиропали рече дека во блиска иднина, императив е и за ЕУ и за земјите од Западен Балкан да ги потврдат меѓусебните заложби во процесот на пристапување.

– Во овој контекст, жалиме за неисполнувањето на обврската преземена од РСМ во однос на уставните измени. Тие овде и пошироко се гледаат како соодветна жртва со заслужената награда што недостасува. Пораките од Брисел за време на средбата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со лидерите на Западен Балкан се надежни дека земјите од нашиот регион припаѓаат на Европа и дека Европската унија и Западен Балкан ги зближуваат своите економии и пазари преку Планот за раст од шест милијарди евра за регионот, рече Спиропали.

Оцени дека албанскиот фактор во земјава игра одлучувачка улога во односите меѓу двете земји и дека на ист начин и Македонците во Албанија се силен мост за поврзување на пријателството и соработката меѓу двете земји.

– Во овој дух и во оваа филозофија, сигурна сум дека правичната и пропорционалната застапеност на Албанците во институциите на земјата, заснована и на оваа геополитичка реалност на регионот и во взаемниот интерес, ќе продолжи согласно современите демократски стандарди на мултиетничкото општество. Ова е еден од условите што ги гарантира напорите за изградба на функционално мултиетничко општество, засновано на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор. Исто како што сме заинтересирани, очекуваме со доверба и надеж дека Законот за јазиците ќе биде целосно имплементиран. Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет на кој му пристапуваме во овој голем свет, во регионот и пошироко, како наша вредност, рече Спиропали.

Додаде дека ја разбира загриженоста на албанскиот фактор од можноста за промени во зависност од одлуката на Уставниот суд, но, како што рече, очекува дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор.

Регионалната соработка, според Спиропали, е клучна за интеракцијата на државите од регионот со Европската унија, притоа посочувајќи на важноста од реализацијата на Коридорот 8.

– Едвај чекам да го поминам патот Тирана-Скопје и обратно преку овој Коридор, рече Спиропали.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Знаковниот јазик е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот

Следно

Есенската кошница на Владата – Многу врева за намалување од 5 до 10 денари

Latest from Blog

Гори на пет локации кај село Раец, ситуацијата е исклучително сериозна

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна. „Надлежните

БЛОКИРАНИ СМЕТКИТЕ НА КОМАПНИИ НА ТРАМП! Се сомневаат дека се переле пари

Финансиската корпорација „Капитал уан“ (Capitol One) во петокот одговори на тужбата поднесена против неа од страна на Организацијата Трамп за затворање на банкарски сметки во постапка почната пред неколку години. Банката објасни

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден. Во делегацијата беа и
Go toTop